@cakar_ulav
Ти дете па и не си баш дете имаш т.е немаш самодоверба. Воопшто немаш мислиш дека се што се случува е ради твоја вина, исто мислиш дека никој не те сака и дека луѓето те избегнуваат но всушност не си свесен колку грешиш. Разбирам дека сакаш се да се заврши во што е можно пократок рок но просто за некои работи е потребно време.
Иако е тешко тоа да почне да се применува во практика ќе мораш бидејќи во спротивен случај самиот си се уништуваш пред се психички. Не те правам нестабилна личност баш напротив ти си доста стабилна и силна личност но премногу си наивен што мислиш дека се што правиш само штети на другите. Ова е единственото негативно нешто што те карактеризира како личност.
Инаку ти си доста мила и добра личност, сакаш да помагаш, сакаш да бидеш сакан и сакаш да сакаш но не ради реда, а она баш вистински за да можеш да осетиш дека постоиш но исто така и премногу се плашиш најверојатно за да не те повредат затоа што секоја повреда тебе те боли дупло повеќе од било која друга личност тоа е резултат на слабата самодоверба. Знам и зашто имаш ниска самодоверба, а и ти знаеш. Не дозволувај тоа да управува со твојот живот и со твоите мисли.
Сите имаме проблеми верувај некои потешки некои полесни но ако се оставиме тие да не водат верувај не не чека долг живот. Само позитивни мисли и некоја личност што ќе те сака и ќе ја сакаш, ништо друго не ти треба затоа што се останато е минливо, денес го имаш утре не и обратно но овие две работи секогаш остануваат со тебе.
За физички изглед мислам дека би било смешно да те опишувам затоа што те знам ама ај за тие што не те знаат да те дознаат
Висок си околу 175 со долга виткана коса освен ако не си ја скратил. Мислам дека имаше и брада но и да немаше доколку некогаш имаш убаво би ти стоела
Имаш доста симпатично лице т.е црти очигледно црната боја ти е пред сите други бои и тоа ќе да е
@Altaïr да пробам јас.
Ми делуваш на многу срамежлива личност т.е не баш срамежлива туку просто сакаш да се истакнеш но не сакаш да те знаат кој си. Создаваш авторитет врз база на анонимност. Инаку по се изгледа сакаш спорт и не ме чуди нешто да спортуваш или си спортувал.
Реално не знам каков си но според тоа што го прикажуваш на форумот ми делуваш на личност што не ја зема за толку сериозно виртуелноста како што на пример некои знаат да ја земаат. Просто не се замараш ако некој ти оди контра или те напаѓа, тоа дава слика дека си психички стабилна личност знаеш што и како да избереш. Многу ме потсеќаше на еден другар и извини што те помешав со него. Можеби ме потсеќаше начинот на кој што сакаш да се докажуваш и како ставаш "капаци" на се што треба и се што не треба.
Претпоставувам дека си висок околу 1.80, години знам ми кажа ама нема да те издадам, најверојатно си плав со кафеави очи и тоа отприлика.