Омилени цитати (со наведен автор)

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
I want to cry and scream until my lungs hurt or I run out of tears.
I want to throw things until they break and punch walls until I can no longer feel my hands.
I want to kick down my door or throw myself onto the floor until my body stops shaking.
I have so many pent up emotions, anger, hurt, sadness, betrayal.
I want to hurt everything because everything is hurting me.

But all i’m going to do is pretend that everything is fine.
- Unknown

12042768_884473834935877_1493386906415540473_n (1).jpg
 

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Јас не сум воопшто посебен, во тоа сум сигурен. Јас сум обичен човек со обични мисли и водев обичен живот. Нема споменици кои ми се посветени мене, а моето име наскоро ќе биде заборавено. Но, имам љубено со целото мое срце и душа, а тоа мене секогаш ми било доволно.
Николас Спаркс
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Кога пијаниот заталкува на улица,
децата си играат мајтап со него.
Паѓа тој во калта.
Трга насекаде и кадегоде.
Децата го следат
без да го знаат вкусот на виното, без да знаат како
е да си пијан. Сите луѓе на земјава
се деца, освен неколку малубројните.
Никој не е возрасен,освен слободните од страсти.

Бог рекол
„Светот е игра, детска игра,
а вие сте децата.“
Бог ја зборува вистината.
Ако не сте ја оставиле детската игра,
како може да сте возрасни?
Без чистина на духот,
ако сè уште сте среде сладострастие и алчност
и други желби, како деца сте
што си играат водење љубов.
Се препелкаат
и се тријат едно од друго,но тоа љубов не е!

Скапоцениот камен водата - Руми
 

mspasenoski

Староседелец
19 февруари 2013
442
701
1,103
36
Карпош - Влае
Бидете внимателен кому му верувате. Ако некој ги озборува другите со тебе, тогаш сигурно ќе те озборува и тебе со другите ! - Непознат Автор
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Во просечното човечко суштество има доволно
предавства, омраза, бесмисленост и насилие
за да се опреми било која војска во било која доба.
Најдобри убијци се оние кои проповедаат против убивањето,
најдобро мразат оние кои проповедаат љубов,
и, конечно, најдобро војуваат оние кои проповедаат мир.
Тие што го проповедаат бога, ним бог им треба,
тие што проповедаат мир, мир во себе немаат,
тие што проповедаат љубов, љубов не знаат да дадат.
Варди се од проповедниците, варди се од упатените.
Варди се од оние кои постојано читаат од книги.
Варди се од оние кои ја презираат сиромаштијата
или се гордеат со неа;
Варди се од оние кои се брзи со пофалбите
бидејќи брзо ќе ти бараат назад пофалби за нив.
Варди се од оние кои лесно и набрзина осудуваат,
тие се исплашени од она кое не го знаат.
Варди се од оние кои постојано
се приклучуваат кон мнозинството
бидејќи се ништожни како сами.
Варди се од просечен маж и од просечна жена,
варди се од нивната љубов,
таа е просечна и бара просечност.
Но, постои генијалност во нивната омраза,
доволно генијалност за да те убие тебе
или било кого.
Не барајќи осаменост,
не разбирајќи ја осаменоста,
тие ќе се обидат да го уништат сето она
кое е различно од нивниот светоглед.
Неспособни да создаваат уметност,
тие уметноста и не ја разбираат
па својот неуспех како творци тие го припишуваат
како неуспех на целиот свет.
Неспособни посветено да љубат,
тие ќе веруваат дека твојата љубов е нецелосна
и тогаш тие ќе те мразат
и нивната омраза ќе биде совршена,
како блескав дијамант,
како нож,
како планина,
како тигар,
како пелин -
тоа е нивната најчиста уметност.

“Генијалноста на мноштвото“ - Чарлс Буковски
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*