Буквално сум разочарана и искрено се плашам да се повредам или да се разболам, само ради шо ќе треба да бидам оставена на полуписмени лица!
Ова уште од минатиот век, т.е скопо пред крајот на 90-тите во Штип. Сум се родила здрава, права у болница уште од самото раѓање без ниедна причина ми ги отчашиле колковите. Мама, завршено медицинско, има работено преку 15 години како медицинска сестра во Љубљана на времето, со сет акл овие ја лажеле дека со мене е во ред. И еве ме, и ден денеска имам проблеми со нозете. Благодарна сум на моите шо 4 години се мачеле со мене за да проодам како сите нормални деца. Сега за сега сум добро, се надевам и во иднина ќе биде така. Истото се има случено и на една сокласничка. Во истата болница, во истата година. Ако од еден клас сме 2, замислете сите деца шо се родиле таму, колку не има со такви проблеми?!
И ајде сега нели се смени власта, реформи направија. Ево ден денеска ни го јадат и лебот дури за да “биде“ нешто од нас, сите сме севедоци, да. И пред еден месец идам на ушно дека фатив некоја инфекција на увото и премногу ме болеше. Типов разбеснат, се мисле дека е кул шо демек со некој негови “кул фори“ ќе ме пониже ко демек “ЗНАЕШ ЛИ КОЈ СУМ ЈАС МА?!“ ама јас ќе се правам проста, демек не разбирам и ќе му се смешкам ко демек “Да чичко, ептен си смешен! Браво за просталукот!“, ама свесна дека само он може да ми помогне за увото, немам каде на друго место да се обратам. А реално немам пари за у приватна болница. Кога отидов после неколку дена на преглед, ме болеше уште и буквално ништо не слушав со тоа уше и кога го прашав “Дали па нормално ќе си слушам после ова?“ овој целиов уште позанесен “Не сум ти јас крив! Требало да си ја мислеш!“. Мислам сериозно, седе таму за да им помогне на луѓето како мене шо молат за помош или да им се обраќа со повисок тон и да им се потсмева за нешто шо не е баш за смеење?? Идам после неколку недели пак на преглед. Одвај самата се намолив да стапнам во тоа место. Ме прегледува и овој ми вика “Абе за тоа се шалев за увото, не сфаќај сериозно.“ а како требаше да го сфатам тоа шо скоро и ми се раздера пред медицинска сестра шо само седе пред компијутерот и смешкајќи се подмустак сожалувајќи ги пациентите. Особа шо грешка ми го напишала и името и презимето шо матичниот се смееше до солзи кога ме прочита како ме запишала, како ли јас на сето тоа требаше да реагирам? Како да го сфатам?
И не сум само јас, имаме милион случаеви дека нашите доктори и сестри се понашат епетен малограѓански спрема пациентите и колку само грешки имат правено и колку само животи се изгубиле само ради нејзино невнимание! Грешки милион! Ама кога нема дека, на нив има да се крстеме, шо вика дедо ми.
Според мене како прво на 60% од нив им треба култура, па после одново основно да ги пратат, да научат да читат и да пишат!