Дали сте задоволни од нашето здравство?

Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
Моето прво дете имаше жолтица кога се роди, но билирубините беа преку нормалната граница и итно не транспортираа на неонатологија во државна. Детето беше дехидрирано, а во исто време беше и во некоја полусвесна состојба и не можев да го дојам, (а и прва бременост, едвај 5-6 дена одкако се породив, не ни знаев како правилно се дои дете) Кога отидов да побарам помош од сестрите, главната сестра ми се развика затоа што од таквите како мене не можеле ни да јадат ни кафе да пијат. Влегов во собата плачејки и од другара соба дојде една албанка чие дете исто беше болно и ми покажа како треба да го држам детето, ми помогна да го надојам. Сестрата потоа влезе и почна да ми се дере уште повеке бидејки сум била неспособна и плачка, мајките не смееле да плачат...
Потоа ме сместија сама во соба, вечерта добив паничен напад, не можев да издржам да сум сама во соба во таква психичка состојба со болно дете... Повторно отидов до кај сестрите за да ме префрлат доколку има место и повторно ми се дереа со што ми предизвикаа уште полоши напади. За среќа една од девојките што волонтираа почна да се расправа со сестрите и ме сместија во соба со друга жена.

Кога го родив второто (во државна) просториите беа полни со лебарки. Си лазеа тие преку бебињата додека спиеме... една од жените ја праша сестрата дали може детето да го земе во нејзиниот кревет, за да не го лазат лебарки. Одговорот беше дека не е ништо страшно бидејки лебарките лазеле само кај што е чисто.
Слична случка со на мама.Сум бил со жолтица не знам колку месеци сум имал.И рекла со овие зборови :„детето нема да ти издржи повеќе од 2 дена“.Дали ви пишувам од паралелен свет кај шо сум роден у пештера?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Слична случка со на мама.Сум бил со жолтица не знам колку месеци сум имал.И рекла со овие зборови :„детето нема да ти издржи повеќе од 2 дена“.Дали ви пишувам од паралелен свет кај шо сум роден у пештера?
Кај нас лекарите си мислат дека се богови, се дерат, понижуваат, се подсмеваат, пред нив не смееш да покажеш ниту слабост, ниту страв...
Не смееш да прашаш што ти е, а недај боже да прашаш што можело да допринесе за твојата лоша состојба, за да си знаеш во иднина да си го смениш начинот на живот.
 
●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132

Ако почнеме сите членови да пишеме за мрачните случки низ нашите болници ке нема крај верувај..
На моите им се случило девојчето пред мене да се роди седмаче. Можеби не било во добра состојба како што знам ако останело живо ке се мачело цел живот ке било инвалид, слепо...
И на сета таа вистина на сета борба со малото во инкубатор година, две.. Мозочето му го изгореле... Тргнале за да го видат, со надеж дека тогаш ке го најдат во подобра состојба пошто не смееле да седат таму .. РОДИТЕЛИТЕ! Ги симнале од автобус со веста дека девојчето починало!! И на крај не знам како и што се случило (секогаш ја одбегнуваат оваа тема) едвај го земале мртвото тело на малото од болница. Некако нашле човек на кој му се јаде зборот... Не знам точно како е што е само знам дека најголемата вина е во болниците. Тоа е факт!
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Незнам кој свесен може да тврди дека на поликлиника Јане Сандански немале исправен апарат за мерење на притисок е лудило , потоа тврдењата за условите во клиниката за инфективна дека немат осветлување и дека персоналот бил нељубезен се крајно неточни . Таму има доста реновирано плус секогаш е на ниво на услужливост , а за стручност на кадар не сум копентентен да давам мислења нека му ја мислат креаторите на образовниот систем.
Во Јане Сандански нема канта за ѓубре не па ќе имало нови апарати. Имаат можеби реновирано, ставиле неколку клупи за да се одмориш додека чекаш да те разболат.
Тоа значи дека откако постои Македонија, здравството и е никакво, не е реновирано ништо...катастрофа!!
Откако постои, и во иднина едно 60 години здравството ќе биде на дното. Подобро ти е да одиш на лекување во Етиопија.
Е сега си во право.
:rofl
Кај нас лекарите си мислат дека се богови, се дерат, понижуваат, се подсмеваат, пред нив не смееш да покажеш ниту слабост, ниту страв...
Не смееш да прашаш што ти е, а недај боже да прашаш што можело да допринесе за твојата лоша состојба, за да си знаеш во иднина да си го смениш начинот на живот.
Зошто да не можеш. Јас на пример се имам карано со сите неписмени и глупави доктори и сестри. Кој е па тој да ми кажува дали да се карам, тој е неписмен, тоа што тој ми го дава како лек мене нема да ми помогне туку ќе ме разболи уште толку, и јас да му се плашам и да си ќутам? Како да не, нека види тој малку како е кога му се дере некој, а не само да се прави мангуп демек доктор бил. Лудаци.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and malo

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Тоа ти е страшна работа поготово болницине ,јас би рекол на психијатриски болници наликуваат ,а тоа е вистина !!!
 
escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Ако почнеме сите членови да пишеме за мрачните случки низ нашите болници ке нема крај верувај..
На моите им се случило девојчето пред мене да се роди седмаче. Можеби не било во добра состојба како што знам ако останело живо ке се мачело цел живот ке било инвалид, слепо...
И на сета таа вистина на сета борба со малото во инкубатор година, две.. Мозочето му го изгореле... Тргнале за да го видат, со надеж дека тогаш ке го најдат во подобра состојба пошто не смееле да седат таму .. РОДИТЕЛИТЕ! Ги симнале од автобус со веста дека девојчето починало!! И на крај не знам како и што се случило (секогаш ја одбегнуваат оваа тема) едвај го земале мртвото тело на малото од болница. Некако нашле човек на кој му се јаде зборот... Не знам точно како е што е само знам дека најголемата вина е во болниците. Тоа е факт!
која година било тоа? Имало еден период каде што краделе многу новородени деца, да не се поклопуваат двата периода, знам и мајка ми имала така две мртви деца пред нас, ама едното изгледа и не било баш мртво
А чекај како тоа.година две било во инкубатор? Не е малку многу тоа за пред време родено?
 
●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
која година било тоа? Имало еден период каде што краделе многу новородени деца, да не се поклопуваат двата периода, знам и мајка ми имала така две мртви деца пред нас, ама едното изгледа и не било баш мртво
1995-1996 .. леле како ме исплаши ми застана срцево во секунда....
како тоа краделе. ? чекај па малово кај нас е закопано . не разбирам, што се случило со бебето што викаш и не било баш мртво??
 
●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Болница? Што беше тоа мрачен огромен објект во кој одиш болен и се допоболуваш што од чекање што од погрешна терапија..
Аха да тоа беше. Место како во хорор филм со страшни кловнови кои држат инекции в раце и се трудат што побрзо да се спасат од тебе.. Да тоа ке да беше..
Катастофааа!!! :mad
 
escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
1995-1996 .. леле како ме исплаши ми застана срцево во секунда....
како тоа краделе. ? чекај па малово кај нас е закопано . не разбирам, што се случило со бебето што викаш и не било баш мртво??
Кај мајка ми првото било родено во 1982 година и тоа како што го извадиле директно во леген со вода паднало и се удавило најверојатно, а второто исто пред време родено некаде 1985 година го извадиле и и го ставиле на стомакот, го осетила како мрда но и го земале и после и рекле дека е мртво, дали стварно умрело или и подметнале друго мртво бебе уствари не и го ни дале не знам но имам сомнеж иако многу мал дека можеби не е баш мртво, а инаку тој период па и 90 тите краделе деца
 
●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Кај мајка ми првото било родено во 1982 година и тоа како што го извадиле директно во леген со вода паднало и се удавило најверојатно, а второто исто пред време родено некаде 1985 година го извадиле и и го ставиле на стомакот, го осетила како мрда но и го земале и после и рекле дека е мртво дали стварно умрело или и подметнале друго мртво бебе уствари не и го ни дале. Затоа имам сомнеж иако многу мал дека можеби не е баш мртво, а инаку тој период па и 90 тите краделе деца
Shit! Леле згрозена сум од ова што го читам. Боже господе.. Не можам да се изначудам на совеста на луѓето стварно.
Искрено јас не знам се' за малото, не ми кажуваат. Секогаш ја менуваат темата, ама сигурно кај нас не се десило такво нешто пошто бебето било донесено и погребано .. Да знаеш дека ке имаше уште еден или два весели животи во куќата... А бе да земиш цела болница да ја запалиш!! Леле како се нервирамм!! :mad