Моето прво дете имаше жолтица кога се роди, но билирубините беа преку нормалната граница и итно не транспортираа на неонатологија во државна. Детето беше дехидрирано, а во исто време беше и во некоја полусвесна состојба и не можев да го дојам, (а и прва бременост, едвај 5-6 дена одкако се породив, не ни знаев како правилно се дои дете) Кога отидов да побарам помош од сестрите, главната сестра ми се развика затоа што од таквите како мене не можеле ни да јадат ни кафе да пијат. Влегов во собата плачејки и од другара соба дојде една албанка чие дете исто беше болно и ми покажа како треба да го држам детето, ми помогна да го надојам. Сестрата потоа влезе и почна да ми се дере уште повеке бидејки сум била неспособна и плачка, мајките не смееле да плачат...
Потоа ме сместија сама во соба, вечерта добив паничен напад, не можев да издржам да сум сама во соба во таква психичка состојба со болно дете... Повторно отидов до кај сестрите за да ме префрлат доколку има место и повторно ми се дереа со што ми предизвикаа уште полоши напади. За среќа една од девојките што волонтираа почна да се расправа со сестрите и ме сместија во соба со друга жена.
Кога го родив второто (во државна) просториите беа полни со лебарки. Си лазеа тие преку бебињата додека спиеме... една од жените ја праша сестрата дали може детето да го земе во нејзиниот кревет, за да не го лазат лебарки. Одговорот беше дека не е ништо страшно бидејки лебарките лазеле само кај што е чисто.