Јас не знам зошто се замараат со небитни ликови како Виктор К коа не можеш да му докажеш како е што е, едноставно игнорирај го. Но, од друга страна треба повеќе да се обрни внимание на опозицијата која ја имаме и наидов на информации дека пред таа партија и македонците и албанците се еднакви и здравје госпо (ако дојдат на власт) младите дечиња од најрана возраст да учат албански.... мислам хеј!
Небитни биле и чуварите во конц-логорите, никој не ги знае за разлика од селебрити манијаците како Ајхман, Менгеле или Шмит ама баш тие небитни ликови им ја вршеле гнасната работа на овие кои седеле по канцеларии. Така и викторче и уште пар персони тука на форумот или илјадници во риал лајф (без разлика) ќе оправдуваат, релативизираат па дури и ќе се радуваат на сите згаснати животи на деца се додека им се исплаќа некоја цркавица.
Стварта е шо не смее да се игнорираат, како што не смее да се игнорира ниту симптом на некоја болест, сами по себе отечените красти не се нешто посебно, но тие се симптом на чума. А чумата убива - како што убива и овој систем, којзнае колку деца се убиени на овој начин, најголем дел никогаш не стигнуваат до медиуми.
А не се само мртвите деца, илјада ситуации се во прашање, да почне некој да набројува ќе треба да испише неколку тома.
Не треба да се игнорираат туку да се каже дека се г**на и да се однесува човек према нив како према г**на. Ако популацијата се однесува кон таквите како према г**на (што и се) - тогаш привлечноста на бидувањето партиски војник ќе се намали. Како што имуниот систем ги напаѓа агресорите така и нормалната популација би требало да биде имун систем вс. паразитите во човечка форма.
Наместо тоа се фура некоја квази-пристојност или пак уште пострашно, за таквите се кажува дека `се снашле`.
Последица од тоа е - болеста ескалира, сите сме фини и културни и фино и културно еден ден ќе погребуваме наше дете или самите ние ќе бидеме упокоени, ограбени и понижени.