Ајде и јас со аналогија доктор - спортист.
Кога треба да се оди да се даде 1500 денари кај интернист (нешто што секоја 20+ годишна индивидуа треба да го прави, со оглед на времево во кое живееме и болестиве што атакуваат на се` помлада генерација) скапо е.
Кога треба да се оди да се гледа Реал Мадрид со некој тим од соседствово (да не тропам глупости не знам кој беше) треба да се дадат дупло повеќе, плус јадење таму, пат и останати трошоци не е скапо.
Односно друга аналогија еве да земеме фармацевт - шминкер.
Кога треба да се се купат некои апчиња за имунитет пример (еве winter is coming, нив за пример да ги земам) и коштаат некоја смешна сума никој не ги купува пошто се скапи.
Шминкер за фризура торта или шлем верзија, плус свадбарска шминка која ќе се распадне со третото оро, најчесто пајдушко па ќе се слее по цело лице, ала Џокер стајл зема по неверојатни суми пари за наши стандарди.
Значи проблемот не е во лошите чичковци кои се на врв во ФИФА, тие се само бизнисмени со одличен сенс за бизнис кој намирисале колку shallow е уствари човекот. Ние (значи и јас се ставам во групава) сме проблемот. Од навек сме биле вакви луѓето, а како оди времево подобро ти е да си клон на Кардашијан, отколку доктор.
Претпоставувам учиш или имаш учено тежок факултет, па ова те пецка секој пат кога си со топови од книги пред тебе. Не си единствен.
А бај д веј, да не сфати некој погрешно, јас не ги мразам спортистите и фризерите. Напротив им се восхитувам што си знаат занает и што сами си го вадат лебот, сопствени пари и не се нишај врата, земај плата. Впроочем некои од нив ги почитувам уште повеќе од некои доктори кои не ја заслужуваат таа титула. Општествово го мразам, ама тоа оти нели до Марс сум, да не се повторувам низ секој пост, да не бидам досадна.