Сакам да кажам/Сакам да прашам

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Може погрешно се изразив, но и ти погрешно ме сфати.
Полничка е а не е некоја убава. Чуден беше филингот поради тоа што не ми се допаѓа добри другари сме а не знаев како да ја одбијам, не е поради тоа дека јас сум некој а таа е ништо.
Па чим сте другари ќе те разбере.А како иде тоа..секој ли има партнер таму кога иде?
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Што ако уствари универзумот функционира како жив организам со механизми кои што функционираат да го одржуваат во живот и истите тие механизми коегзистираат надополнувајќи се една со друга, но никогаш не судирајќи се функционално исто како механизмите кои одржуваат жива единка во живот? Дали постои начин да се изолира целосно еден универзален механизам и да се набљудува без влијание од останатите механизми на универзумот? Зошто универзумот тежнее кон рамнотежа? Ако го споредиме универзумот со еден организам, дали воспоставувањето на универзална рамнотежа ќе доведе до нешто што кај познатиот живот го викаме сон, хибернација, одмор, смрт? Што значи целосна рамнотежа?

Толку прашања ми никнаа во глава вечерва... ќе има зошто да не спијам.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Што ако уствари универзумот функционира како жив организам со механизми кои што функционираат да го одржуваат во живот и истите тие механизми коегзистираат надополнувајќи се една со друга, но никогаш не судирајќи се функционално исто како механизмите кои одржуваат жива единка во живот? Дали постои начин да се изолира целосно еден универзален механизам и да се набљудува без влијание од останатите механизми на универзумот? Зошто универзумот тежнее кон рамнотежа? Ако го споредиме универзумот со еден организам, дали воспоставувањето на универзална рамнотежа ќе доведе до нешто што кај познатиот живот го викаме сон, хибернација, одмор, смрт? Што значи целосна рамнотежа?

Толку прашања ми никнаа во глава вечерва... ќе има зошто да не спијам.
Со толку прашања ке заспиеш ко заклан!
На што си жити бога???
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Па чим сте другари ќе те разбере.А како иде тоа..секој ли има партнер таму кога иде?
Не, тие што ќе се договорат одат како пар, тие што нема да најдат одат сами.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Со толку прашања ке заспиеш ко заклан!
На што си жити бога???
На жолто. Само ми надојдоа прашања.

Што ако фундаменталните сили кои го држат универзумот истовремено го заштитуваат од интердимензионални скокови и поставуваат „природни“ лимити на дозволени вредности на матрицата? И зошто целото ова нема смисла во микро-светот?
 
Последна промена:

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
На жолто. Само ми надојдоа прашања.

Што ако фундаменталните сили кои го држат универзумот истовремено го заштитуваат од интердимензионални скокови и поставуваат „природни“ лимити на дозволени вредности на матрицата? И зошто целото ова нема смисла во микро-светот?
Ако продолжам тебе да те читам, вечерва јас ке добијам инсомнија...ми ги врза вијугиве у чвор:)
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Е денов денес ми помина баш Κул! :D
Смешκи на сите стρани. Муабети, мислења, фаци .. Лелеее .. Гρом еј!
Хахахаха κупи ми мајκо топ!
:rofl
Доаѓа κолешκа на ρаб баρа дρ жена упоρно ме гледа ми κажува нешто а ја κао маρсовец да стои пρед мене ја гледам и виκам Тетκа Емче , добρа ли сте?? Непρијатна тишина и само κажа... сум го згρешила местото извини...
:rofl:rofl
И сеа дали да се смеам дали да плачам... ρасеана си беше жената дуρи и жал ми падна.... :|
:rofl али је:cenzura те ептен ми е смешно κоа κе се сетам..
Κолκу и беше незгодно после :frantic
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Не, тие што ќе се договорат одат како пар, тие што нема да најдат одат сами.
Еден најискрен совет може?
Откако ќе завршиш со средново, многу многу ретко остануваш со тајфата толку близок. Така да, шо и да праиш за вечерта, комотно моеш да го помножиш со 0 веднаш после поминати 5 години од матура ќе се соберете помалку од една третина. Затоа уопште не треба да ја „воспеваш“ вечерта како нешто што е клучно во твојот живот - избор со кој си се гордееш. Нема тука никаков црн избор. Тоа е само транзицијски период кој секоја индивидуа ја поминува, ерго нема ништо специјално околу тоа. Прај што ти е воља, демаскирај се од оноа што ти го сервира толпата - демек мораш да запазуваш некои „традиции“ куровмилевче. Нема нишо срамно и да појдеш сам, и со цурава. Ако ти е супер со неа друштвото, оди со неа. Веруј со тек на време ќе сфатиш дека тоа не е институција каде вие стапувате у брак. Такви случаи као твојот има многу, па на крај никој не се зел меѓусебе. Ако те јаде јанѕа дека за тебе е грда, откачи ја додека е време, барем фер ќе испаднеш, иако ептен грдо би било за неа после ако отидеш сам. Со тоа не ти потенцирам сеа да земеш некоја лепојка као замена за оваа, туку можеш да и` кажеш на другарка ти вистината - „сакам сам бре да идам на матура“. И појави се така. Подобро така него ли да ја откачуваш у 5 до 12, да и` најдеш замена.... јер така ја губиш сигурно као другарка. Не треба да ти кажам што е повредно во животот - убавината или другарството, пошо секако го знаеш одговорот.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Чуден е филингот кога дебело девојче ќе ти понуди да ти биде партнерка на матура.
А шо има врска какво е девојчето? Не дека ќе а жениш...
Колку плитко размислуваш, не дека те обвинувам, сега кога ќе се вратам наназад можда и јас сум имал некои такви размислувања. Убава партнерка. Брееј, сеа да видиш оние "убавите" шо ги сметавме ние кај заминаа, ќе се крстиш! Едната онаа најубавата и најпопуларната учи козметичко и речиси и да нема пријатели и не е популарна освен оние 100 лајкови на фб од напалени машки кои да знаат каква гадна е на карактер, не би и се умилкувале толку, едната се омажи и сега има детенце 2 години, другата работи као фризерка ... зборот ми е дека многу малку од овој тип на популарни девојки успеваат у животот. Додека да ги видиш оние кои ги сметаа за грдите пајчиња колку се разубавија и сите студират една на електро, друга деветки и десетки реде на ФИНКИ, една замина во Шпанија да студира пошто беше многу добра и снаодлива па земаше разни стипендиии. И да ги видиш сега какви се, скоцкани, убави, природни... што е најважно успешни и не мора да се вадат на убавина пошо се глупи и да трчат по богати машки.
Него остајсе, не ми беше тоа муабетот. Претпоставувам сакаш да ти биде некоја од овие "најубавите" партнерка? Кога веќе никоја не те прашала/ Те одбила а ова девојчево собрало храброст и те прашало, јас мислам дека би било сосема океј ако одеш со неа.
Еден пример за крај. Еден комшија лудуваше по едно девојче од клас, ја молеше да му биде партнерка, се правеше оваа недостижна. Комшијава си најде друга партнерка, можеби помалку привлечна али дефинитивно со памет у глава. Е сега после разбрав дека оваа "недостижната" заврши сама на матура зошто партнер и ја откачил у последен момент, додека другар ми си замина на матура со девојче кое стварно вредеше според мене. А да ја видеш сликата од таа ноќ, ќе се прашаш како може оваа тетка (недостижната) да се мери со убавината на ова осумнаесетгодишно слатко девојче?
Не е се во убавината. Има нешто и во главата, паметот, размислувањата, ставот и амбициите во и за животот. Убавината е минлива, карактерот е оној кој тешко се менува. Размисли дали сакаш да бидеш со некоја без ронка мозок во главата а лепотица или некоја обична а со одлична смисла за хумор.
И да, ако мислиш дека другите ќе речат леле види го која му е партнерка, тогаш брат си имаш проблем со самодовербата. Јас на пример, би бил среќен луѓето да се прашуваат Еј види го Давор бе, којзнае како го наговорила онаа да му биди партнерка, види колку е убав... :zelen
ПС: Мислев дека си океј дечко и не очекував вакви детски коментари од твоја страна. Али океј е, не те знам у живо а и у принцип нонстоп се покажува дека имам грешка мислење за луѓето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec