Чуден е филингот кога дебело девојче ќе ти понуди да ти биде партнерка на матура.
А шо има врска какво е девојчето? Не дека ќе а жениш...
Колку плитко размислуваш, не дека те обвинувам, сега кога ќе се вратам наназад можда и јас сум имал некои такви размислувања. Убава партнерка. Брееј, сеа да видиш оние "убавите" шо ги сметавме ние кај заминаа, ќе се крстиш! Едната онаа најубавата и најпопуларната учи козметичко и речиси и да нема пријатели и не е популарна освен оние 100 лајкови на фб од напалени машки кои да знаат каква гадна е на карактер, не би и се умилкувале толку, едната се омажи и сега има детенце 2 години, другата работи као фризерка ... зборот ми е дека многу малку од овој тип на популарни девојки успеваат у животот. Додека да ги видиш оние кои ги сметаа за грдите пајчиња колку се разубавија и сите студират една на електро, друга деветки и десетки реде на ФИНКИ, една замина во Шпанија да студира пошто беше многу добра и снаодлива па земаше разни стипендиии. И да ги видиш сега какви се, скоцкани, убави, природни... што е најважно успешни и не мора да се вадат на убавина пошо се глупи и да трчат по богати машки.
Него остајсе, не ми беше тоа муабетот. Претпоставувам сакаш да ти биде некоја од овие "најубавите" партнерка? Кога веќе никоја не те прашала/ Те одбила а ова девојчево собрало храброст и те прашало, јас мислам дека би било сосема океј ако одеш со неа.
Еден пример за крај. Еден комшија лудуваше по едно девојче од клас, ја молеше да му биде партнерка, се правеше оваа недостижна. Комшијава си најде друга партнерка, можеби помалку привлечна али дефинитивно со памет у глава. Е сега после разбрав дека оваа "недостижната" заврши сама на матура зошто партнер и ја откачил у последен момент, додека другар ми си замина на матура со девојче кое стварно вредеше според мене. А да ја видеш сликата од таа ноќ, ќе се прашаш како може оваа тетка (недостижната) да се мери со убавината на ова осумнаесетгодишно слатко девојче?
Не е се во убавината. Има нешто и во главата, паметот, размислувањата, ставот и амбициите во и за животот. Убавината е минлива, карактерот е оној кој тешко се менува. Размисли дали сакаш да бидеш со некоја без ронка мозок во главата а лепотица или некоја обична а со одлична смисла за хумор.
И да, ако мислиш дека другите ќе речат леле види го која му е партнерка, тогаш брат си имаш проблем со самодовербата. Јас на пример, би бил среќен луѓето да се прашуваат Еј види го Давор бе, којзнае како го наговорила онаа да му биди партнерка, види колку е убав...
ПС: Мислев дека си океј дечко и не очекував вакви детски коментари од твоја страна. Али океј е, не те знам у живо а и у принцип нонстоп се покажува дека имам грешка мислење за луѓето.