Телема

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
ПОЧЕТОКОТ НА НОВИОТ СВЕТ

Немирот е знак на моментов.
Ниеден човек, макар колку и да е богат и безбедно поставен, не се чувствува сигурен за следната недела.
Ниеден човек не знае каде оди.
Ова е така бидејќи ниеден човек не знае каде би морал да оди.

Основите на општеството се толку потресени што стана невозможно за кого било да направи план, исто како што банкар или геометар не би можеле да работат доколку не би биле повеќе сигурни во таблицата за множење.

Сега, оваа состојба на нештата не се должи целосно на тековните состојби од материјалното постоење, на политичкиот немир, или економската конфузија.

Link
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
@Abraxas Мора да те прашам бидејќи многу ме интересира, можеби не е соодветно место .но дали самоубиството се рачуна како слободна воља и кои се филозофиите на телемата за тој чин!??
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
@Abraxas Мора да те прашам бидејќи многу ме интересира, можеби не е соодветно место .но дали самоубиството се рачуна како слободна воља и кои се филозофиите на телемата за тој чин!??
Секако дека е слободна волја. Човекот има апсолутно право над својот сопствен живот, па и право да го прекине во одреден момент доколку тоа му е волја.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Секако дека е слободна волја. Човекот има апсолутно право над својот сопствен живот, па и право да го прекине во одреден момент доколку тоа му е волја.
Поведена бев од тоа дека тој чин на сомоодземање на животот во религијата кај нас е голем грев, насилно прекинување на една космичка игра поради која вероватно и постоиме и се размножуваме...Но нели е исто и во Телематска филозофија, некој те создал поради нешто а ти без негова "дозвола" си го прекинуваш постоењето???
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Поведена бев од тоа дека тој чин на сомоодземање на животот во религијата кај нас е голем грев, насилно прекинување на една космичка игра поради која вероватно и постоиме и се размножуваме...Но нели е исто и во Телематска филозофија, некој те создал поради нешто а ти без негова "дозвола" си го прекинуваш постоењето???
Кај телемата креаторот и креацијата на суштинско ниво се едно исто.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Поведена бев од тоа дека тој чин на сомоодземање на животот во религијата кај нас е голем грев, насилно прекинување на една космичка игра поради која вероватно и постоиме и се размножуваме...Но нели е исто и во Телематска филозофија, некој те создал поради нешто а ти без негова "дозвола" си го прекинуваш постоењето???
Само да го потенцирам и следново:
Телемата е парадигма каде класичните замисли за казни, награди, суд и слично не се ништо друго туку обична алегорија за причините и последиците. Во природата нема казни, судење или наградување, постои единствено причина и последица, потенцијал (можност) и искуство како продукт на таа потенцијалност. Една иста последица или искуство, за еден може да биде "награда", додека за некој друг " казна". Затоа во одговорот на твоето прашање нагласив дека човекот има право да го прекине сопствениот живот во одреден момент доколку тоа е негова волја!
Што не е исто со - доколку така сака. Во светите книги на телемата јасно е нагласено дека единствениот грев е ограничувањето на чистата вистинска волја, бидејќи тоа неминовно води до страдање, не бидејќи некој ќе не казни заради нашите одлуки или избор, туку поради последиците од истите тие одлуки. Ако ја занемариш и игнорираш гравитацијата и скокнеш од петти спрат, ќе страдаш, не затоа што некој те казнил, туку затоа што последицата од твојата постапка ќе ти донесе страдање. Исто е и со концептот на телемата, таа не наметнува имагинарни закони, туку преку алегорија и симболика ги опишува законите што ја создаваат и одржуваат реалноста, и физичката и метафизичката.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
@Abraxas мене повторно ме мачи таа слободна воља...слободна од што е!??
Кога сакам да применам слободна воља јас се чувствувам уствари како да сум донела некоја одлука..неможам да ги разграничам тие поимови.....па нели се доаѓа од мозокот, тој размислува и дава акција(јас просто ти објаснувам)......додека ја спроведам таа моја воља, мене во глава уште триста разни шеми и одговори ке ми се створат...и сето тоа ме кочи да живеам и правам како ми е воља.
Има ли во Скопје некое предавање за телемата, слободната воља(одговори ми само зашто е слободна, кај мене е ограничена со некои норми )..некои практични вежби идр.
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
@Abraxas мене повторно ме мачи таа слободна воља...слободна од што е!??
Кога сакам да применам слободна воља јас се чувствувам уствари како да сум донела некоја одлука..неможам да ги разграничам тие поимови.....па нели се доаѓа од мозокот, тој размислува и дава акција(јас просто ти објаснувам)......додека ја спроведам таа моја воља, мене во глава уште триста разни шеми и одговори ке ми се створат...и сето тоа ме кочи да живеам и правам како ми е воља.
Слободна волја е едно, чиста - вистинска волја е сосема друго. Слободна волја најчесто се употребува во смисла слобода да носиш одлуки без ничие ограничување, принуда или закана.
Волја од телеметски аспект е динамичкиот аспект на самото битие, и за истата на многу наврати е кажано дека се препознава најчесто по тоа што не е врзана со страст за постигнување на резултат, т.е не е ограничена со цел, туку самата за себе е цел.
Има ли во Скопје некое предавање за телемата, слободната воља(одговори ми само зашто е слободна, кај мене е ограничена со некои норми )..некои практични вежби идр.
Од 5-ти до 8-ми декември ќе организираме гостување на доцент Henrik Bogdan од универзитетот во Гетеборг.
Доцентот предава по предметот религиски студии и историја на религија на катедрата за литература, историја на идеи и религија. Посебно поле на интерес му се новите религиски движења, западната езотерија и слободното ѕидарство. Предавањата ќе се одржат во хотел Русија, влезот е слободен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja