Сте стигнале на Офф Нет:
http://off.net.mk/na-dnoto/provalete-ja-na-vreme-4-znaci-deka-bila-so-premnogu-mazhi-dosega
И не можам да им замерам, еве што насловна имате:
9 начини како да станете похаризматични, дали вашата мачка ве сака и проклетиот хороскоп кој го има на три места на насловната страна
Сакам конструктивна критика да ви дадам, мене не ми пречи ништо и онака не читам портали, ама:
- Прво, намалете со астрологија, на секое ќоше имате хороскоп + секција на сајтот + цел подфорум за астрологија. 90-те поминаа одамна, весниците отидоа под стечај и секому му е јасно дека астрологијата нема врска со врска. И не знам кој уште чита хороскоп и како мислите да зголемите читаност со тоа.
- Второ, помалку трачање, повеќе квалитетни информации барем на насловната страна зошто со вакви “новости“ можете да привлечете само група 15 годишни тинејџерки кои не можат да си фатат дечко.
Ајде ќе прекинам тука да не се сфати ова како некој напад. Вака убаво делува сајтчето, скоцкано е и се тоа, но содржините ви се многу слаби. Се е исто како и сите други портали, обидете се да бидете малку различни.