Ајде една дупла кладба да удриме. Јас викам Хрватска ќе изгуби од Грција, и Германија ќе ја помине групата. Сакаш?Не дека нема изненадувања на првенствата, ама Германија дефинитивно го папа од Шпанија и Србија, а веруј и со Италија и Турција нема нешто да изигра. Не ја гледав утакмицата со Исланд, можда си се чувале за останатите утакмици, пошто победија со едвај 6 поени, ама тешко дека ќе играат во следна фаза. Едино ако Турците не потфрлат, па Немциве ко четврти да играат со Французите, и од нив да го испапаат. Далеку се Немците од онаа репрезентација што ја имаа пред 10-тина години.
Италијанците никогаш ми немале хемија на натпреварувањава, не знам зошто. И ептен ми се антипатични, со оној Датоме на чело.
А јужниве што ги толку величаш се можда малку над една просечна селекција. Не брзај со потценување на Хрватите. Не заборавај колку е важен домашниот терен, ко ќе им викнат 16.000 души, ќе видиме дали ќе ги наполнат Хрватите.
Изненадувачка победа на Холанѓаните дефинитивно. Грузијците го изгубија мечот буквално ко ние со Црна Гора пред 2 години. Ќе бидат тежок орев Холанѓаните за нас, брза кошарка, додавања имаат, оној Де Ванг или како и да е, дури на Борче од пред 4 години ми наликува.
Чесите очекувано ја потопија Естонија. И Полска според очекувањата тесно ја совлада Босна.
![Насмевка :) :)](/images/emoji/smile_animated.png)
Не викам дека Хрватите се слаби ама едноставно оваа репрезентација на Грција е многу јака. Не знам колку гледаш Европска кошарка и НБА ама ако гледаш ќе знаеш кои се и како играат моменталните грчки играчи. Ајде кажи ми кој Хрватски играч ќе може да игра добра одбрана над Спанулис? Ќе ги отвори како паштета ако го остават сам на шут или па со асистенции ќе ги растури. На центарската позиција Хрватите го имаат Томич а Грциве Кофус, што мислиш кој е подобар и кој ќе изгледа како дете во споредба со другиот? Единствено што вреди кај Хрватите е Богданович кој ако му тргне шутот е опасен, иначе не е. Шарич колку и да е добар сепак е млад и не може да се надигрува со Грциве.
Германија иначе одлично одигра како за почеток. Брзо се ослободуваат од топката што значи и брза кошарка играат, лошо е тоа што кога е на терен Дирк тогаш само него му ја подаваат, а кога не е тогаш сите играат.
А и во воведниот пост си пишал за Израел дека е далеку од јака селекција. Не викам дека е ептен јака ама па дека е далеку од јака не би рекол, си имаат и тие неколку солидни играчи. Е сега не можат да се борат против појакиве ама сепак далеку од јаки не се.
За нас иначе сакав да кажам нешто. Сега против Грција ќе изгубиме многу, ама она баш многу значи. Кога видов кој ќе ни е селектор одма знаев дека ќе губиме. Да не зборувам за играчите ама освен неколку поединци, другиве се буквално за никаде.