Верување во Бог

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Мислам дека бев јасен што е поентата. Ако не се разграничуваат поимите,термините, многу полесно ќе се создава забуна. Медитацијата е дел од јогата а јогата нема врска со пеглање, молитви, христијанство или аеробик.
Дали така во телема им ги толкувате книгите за да разграничите што е што?
Постојат патишта и патишта до просветлување,ако им се разграничат поимите за да се знае што е што,тоа е исто како да им се толкуваат цитатите.
Не подржувам нешто што разделува,ограничива или со употреба на нешто да се фрла анатема,секој ако има волја ќе си го најде својот пат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net

Не пишувам на кинески..... Значи неможеш да земеш одреден термин и да му го смениш значењето, смислата под изговор дека тоа го правиш против ограничување или разделување....
Јогата не е пеглање, јогата не е аеробик, медитацијата не е молитва.... Значи се работи за конкретни и дефинирани термини! Дали има логика да толкуваш што е литар? Или што е метар? Може да толкуваш нешто поврзано со литри и метри но не што е литар а што метар.
 
Термините се само имиња со кој се именувани одредени духовности кој со тек на време добиле тежина за своето постоење,а тогаш е неизбежно да се ставаат конкретно дефинирани поими.Ова и ова е христијанство,а она и она не спаѓа во христијанство,тоа е јога.

Јас те разбрав што сакаш да кажеш,ама ти мене не ме разбра.
За тебе метрото е метро, литарот е литар.:(
Додека за мене, духовноста не е точно дефинирана вредност која може да се измери или стави во шише.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Термините се само имиња со кој се именувани одредени духовности кој со тек на време добиле тежина за своето постоење,а тогаш е неизбежно да се ставаат конкретно дефинирани поими.Ова и ова е христијанство,а она и она не спаѓа во христијанство,тоа е јога.

Јас те разбрав што сакаш да кажеш,ама ти мене не ме разбра.
За тебе метрото е метро, литарот е литар.:(
Додека за мене, духовноста не е точно дефинирана вредност која може да се измери или стави во шише.
Не оди тоа така како што се обидуваш да го прикажеш. Неможеш да одиш во маркет и да кажеш - Дајте ми три метри јогурт.
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Не оди тоа така како што се обидуваш да го прикажеш. Неможеш да одиш во маркет и да кажеш - Дајте ми три метри јогурт.
(facepalm)
Abraxas,
Паралелата што ја даде,споредувајќи мерни единици, може да одговара за оние кој сакаат да постават граници во духовноста,а тоа е така бидејќи сакаат да имаат екслузивитет над поимот бог.
Сега недостасува уште христијанството да се патентира како единствен правилен начин на верување преку кое се доаѓа до вистината.

Духовноста постана "продавница" во која се продаваат одредени верувања,а секое друго верување или филозофија кое преставува опасност да прелаже потенцијален "купувач" ќе биде оцрнето и по тоа ќе се фрлаат анатеми.На духовноста почна да се гледа како добра шанса за бизнис кој зависи од бројот на верници.
Тоа се световни работи кој немаат ни Д од духовност.
Сепак,она што ме изненади е тоа што ти како патник по себеосознавањето,наместо да се стремиш кон духовноста,отфрлајќи ги световните полемики заглави во поделеноста која ја исцртуваат луѓе кој се држат за монета.:(

Духовноста не се дели,пакува,етикетира и сортира,не е продавницата на Нуит,па да бараш да ти даде две кила мудрост,литро вистина и четврт глув диалог:zelen
Секому со мерка.;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Значи,свештениците со кој ти се согласуваш ќе им делат анатеми на секој кој практикува медитација,која е предпоследна фаза за просветлување бидејќи нема никаква врска со христијанство и молитви.:(

Значи @Lena повеќе не смее да пегла алишта? :)

И самата молитва на еден начин преставува медитација,во овој случај сакале да се стави линија помеѓу христијанството и оние филозофии кој практикуваат медитација бидејќи живееме во модерно општество каде човек може да многу лесно да дојде до нови учења,до нови филозофии и истите да ги практикува.
Со ова само сакаат да престане одливот на верници во други правци,ништо друго.

Информацијата за ова ми беше,од едно уво влезе од друго излезе.

А викаш предпоследна фаза до просветлување...ова ме замисли.
Ваушност немав намера да одговарам на прашањево,но чувствувам потреба да се изјаснам.
Одамна не медитирам кога пеглам и одамна не медитирам.Кога пеглам-пеглам.Јога правам само кога сакам да се растегнам и кога чувствувам дека ми е потребна.
Не правам спиритуална јога туку обична фитнес јога.Школувањето за јога учител го прекинав.
Ќе ти кажам и зошто.
Затоа што за мене тоа е забегавање.Сите секти(вклучувајќи и јогините) се за мене no go.Сите религии,здруженија и слично кои се расправаат на тема Бог,на тема самоспознавање,на тема спиритуалност,кои нудат одговори,кои продаваат среќа и некакво си БУДЕЊЕ, ги држам подалеку од себе.
Зошто?
Затоа што сите забегаваат.На сите им се испрани мозоците и сите целат кон нешто кое одамна сите го имаме пред себе.
Од здрави се прават нездрави.Од среќни се прават несреќни.
Животот е тој.
Се што ни е потребно ни е дадено во животот за да се развиваме,за да напредуваме.
Не се потребни никакви "помагала" кои ќе не однесат понатака,кои ќе ни ја откријат мистеријата наречена Бог.
Ако ме праша некој дали верувам,ќе одговорам со да.
Верувам дека постои нешто помоќно од нас што не води низ животот.А што е тоа?
Не се замарам со тој одговор.Тоа е што е.Немам потреба да филозофирам,да дискутирам или пак некому да докажувам зошто,како или што.
Верувам за себе.Правам за себе.И така е најдобро.Се останато е за мене гола вода.
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
(facepalm)
Abraxas,
Паралелата што ја даде,споредувајќи мерни единици, може да одговара за оние кој сакаат да постават граници во духовноста,а тоа е така бидејќи сакаат да имаат екслузивитет над поимот бог.
Сега недостасува уште христијанството да се патентира како единствен правилен начин на верување преку кое се доаѓа до вистината.

Духовноста постана "продавница" во која се продаваат одредени верувања,а секое друго верување или филозофија кое преставува опасност да прелаже потенцијален "купувач" ќе биде оцрнето и по тоа ќе се фрлаат анатеми.На духовноста почна да се гледа како добра шанса за бизнис кој зависи од бројот на верници.
Тоа се световни работи кој немаат ни Д од духовност.
Сепак,она што ме изненади е тоа што ти како патник по себеосознавањето,наместо да се стремиш кон духовноста,отфрлајќи ги световните полемики заглави во поделеноста која ја исцртуваат луѓе кој се држат за монета.:(

Духовноста не се дели,пакува,етикетира и сортира,не е продавницата на Нуит,па да бараш да ти даде две кила мудрост,литро вистина и четврт глув диалог:zelen
Секому со мерка.;)
Не се работи за никакви граници во духовноста, туку за просто разграничување на баби од жаби. Не се полага никаков екслузивитет врз никаков бог, туку едноставно се повлекува линија за термини чија намена и дефиниција е востановена и позната, а сепак истите се користат како во примерот со метар јогурт.

Не ме чуди воопшто твоево инаетење и тврдоглавост, бидејќи одамна се впушташ во исправање криви дрини како самопрогласен експерт во духовноста.
Како ти ќе толкуваш одреден свет текст, света книга, религија и слично е твое, но ти упорно сопственото толкување си го сметаш за апсолутно и единствено точно, со што се ставаш во ист кош со религиските фундаменталисти.
Неможеш да кажеш дека јогата е пеглање или дека медитацијата е молитва тврдејќи дека тоа е твоја интерпретација на духовноста. Тоа се методи и пракси што си се јасно дефинирани, си имаат конкретна намена и методологија.
Што може да се постигне со јогата, може да биде тема на дискусија, но не и тоа што е јогата, како во случајот кога некој ја поистоветува со пеглање, молење, аеробик и слично. Таквите личности обично кога ќе се соочат со некој што има повеќе искуство и знаење за тематиката, истиот го прогласуваат за забеган, испран мозок и слично.... Суетата е страшна работа, никогаш не ја гледа грешката во себе, секогаш другиот е тој што мора да греши.

Одамна не медитирам кога пеглам и одамна не медитирам.Кога пеглам-пеглам.Јога правам само кога сакам да се растегнам и кога чувствувам дека ми е потребна.
Не правам спиритуална јога туку обична фитнес јога.Школувањето за јога учител го прекинав.
Ќе ти кажам и зошто.
Затоа што за мене тоа е забегавање.Сите секти(вклучувајќи и јогините) се за мене no go.Сите религии,здруженија и слично кои се расправаат на тема Бог,на тема самоспознавање,на тема спиритуалност,кои нудат одговори,кои продаваат среќа и некакво си БУДЕЊЕ, ги држам подалеку од себе.
Зошто?
Затоа што сите забегаваат.На сите им се испрани мозоците и сите целат кон нешто кое одамна сите го имаме пред себе.
Од здрави се прават нездрави.Од среќни се прават несреќни.
Животот е тој.
Се што ни е потребно ни е дадено во животот за да се развиваме,за да напредуваме.
Не се потребни никакви "помагала" кои ќе не однесат понатака,кои ќе ни ја откријат мистеријата наречена Бог.
Ако ме праша некој дали верувам,ќе одговорам со да.
Верувам дека постои нешто помоќно од нас што не води низ животот.А што е тоа?
Не се замарам со тој одговор.Тоа е што е.Немам потреба да филозофирам,да дискутирам или пак некому да докажувам зошто,како или што.
Верувам за себе.Правам за себе.И така е најдобро.Се останато е за мене гола вода.
Класична ad hominem реакција. Ни јас немав намера да одговорам, но чуствувам дека треба да ти посочам дека со тоа што ќе ги прогласиш за забегани или за испрани мозоци оние што посветиле огромен дел од својот живот и енергија во конкретната област, единствено што ќе направиш е хранење на својата суета, ништо повеќе.
Јогата со илјадници години дава резултати, од пред некоја година, од страна на обединетите нации и е посветен ден во нејзина чест - светскиот ден на јогата, но ете ти сето тоа го прогласи за гола вода. Според тебе сите ние стотици и стотици милиони луѓе низ целиот свет сме биле несреќни и нездрави. Да не беше ти, немаше да знам дека јас всушност сум се правел од здрав, нездрав и од среќен, несреќен. Но којзнае, можеби ти ме познаваш подобро одколку што јас се познавам самиот себеси, се бива.
 
Последна промена од модератор:

Не ми се дискутира на темава.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica

Потполно се согласувам,само би додал.
Љубовта е најсилната емоција на човекот,таа е вистински двигател на човештвото,творечка сила во уметноста,не постојат зборови кој би можеле да ја опишат.Не случајно се вели дека бог е љубов.

А од такви кој пробуваат да го искажат неискажаното,кој се стремат да го осознаат не допреното и кој дебатираат за тоа,треба да се бега од нив....во недостиг на зборови ќе ми простиш што ќе ги искористам твоите.....

Цццц повторно на погрешна страна тргна.

Еден пример да ти биде појасно што дебатираме.

Имаш една група или религија која вели целата солена вода во светот ни припаѓа нам и само неа ќе ја конзумираме,бидејќи од нејзе потекнал животот.

Друга група вели,обичната вода ќе биде наша и само од неа ќе пиеме.Ќе ја флашираме и ќе носи наше име.Бидејќи најдобро ја гаси жета.

Трета група вели,топлата вода ќе биде наша,со нејзино конзумирање ќе добиваме здравје.Таа е лек за секоја болест.Ладната да не ја пипате и секој што ќе пие ладна вода ќе добие укор.

Четврти,ние ќе користиме минерална вода,таа е единствена жива вода.

Пети ќе ја обојат во одредена боја, и така натака,да не одуговлекувам.

Секоја група поставила граници обележувајќи каракеристики според водата.

Јас велам,тоа е само вода,дали е топла,ладна,минерална,солена или блага,тие се нејзини различни појави,како што постојат различни интерпретации за бог.

Тие не треба да бидат причина за наша поделба,поделба на човештвото,да не се поставуваат граници.

Дали сум јасен?

П.с. Кај виде во оваа дискусија цитати да толкувам? :(

П.с.с. Не реков дека јогата е пеглање алишта ,тоа само ја чепнав Lena бидејќи таа медитираше додека пегла алишта,така се изјасни во пдф за медитација или јога (не памтам како беше темата):)
 
Ако алудираш на мене кога велиш дека требало да се бега од "такви", зошто тогаш ти самиот не само што не бегаш, туку си се залепил како пијавица за мене? Со години го следиш секој мој напишан збор тука. Или можеби мислиш дека си на некоја мисија со која ќе спречиш да се искаже неискажаното, да се допре недопреното?

Цццц повторно на погрешна страна тргна.

Еден пример да ти биде појасно што дебатираме.

Имаш една група или религија која вели целата солена вода во светот ни припаѓа нам и само неа ќе ја конзумираме,бидејќи од нејзе потекнал животот.

Друга група вели,обичната вода ќе биде наша и само од неа ќе пиеме.Ќе ја флашираме и ќе носи наше име.Бидејќи најдобро ја гаси жета.

Трета група вели,топлата вода ќе биде наша,со нејзино конзумирање ќе добиваме здравје.Таа е лек за секоја болест.Ладната да не ја пипате и секој што ќе пие ладна вода ќе добие укор.

Четврти,ние ќе користиме минерална вода,таа е единствена жива вода.

Пети ќе ја обојат во одредена боја, и така натака,да не одуговлекувам.

Секоја група поставила граници обележувајќи каракеристики според водата.

Јас велам,тоа е само вода,дали е топла,ладна,минерална,солена или блага,тие се нејзини различни појави,како што постојат различни интерпретации за бог.

Тие не треба да бидат причина за наша поделба,поделба на човештвото,да не се поставуваат граници.

Дали сум јасен?

П.с. Кај виде во оваа дискусија цитати да толкувам? :(

П.с.с. Не реков дека јогата е пеглање алишта ,тоа само ја чепнав Lena бидејќи таа медитираше додека пегла алишта,така се изјасни во пдф за медитација или јога (не памтам како беше темата):)
Утнат ти е примерот. Јас веќе нагласив дека воопшто не навлегувам во тоа како или што некој смета дека "водата" треба да биде. Дали некој ќе смета дека таа е флаширана, природна, газирана или изворска е друг муабет. Уште помалку било каде во дискусијава сум полагал сопственост над "водата" или духовноста. Целата поента беше да се разграничи дека неможеш за потокот или реката да тврдиш дека се вид на зимзелено дрво, затоа што не се! А дали истиот тој поток или река ќе ги сметаш за твои, туѓи, заеднички или слично е сосема друг муабет.

Не ми се дискутира на темава.
Супер.
 
Последна промена од модератор: