Ај ќе гладваме
ахахаххаах, чоек неможиш ти во текот на денот да се храниш само со здрава храна исклучиво мора нешто да касниш и шо е мрсно оти сепак има луѓе шо јадат повеќе и не се сити ако јадат само здрава храна.
Ние сите дома (две деца и двајца возрасни) се храниме исклучително со здрава храна и никогаш не сме гладни.
Чувството на глад не е мерило за тоа колку храна треба да внесеме. Природната големина на желудникот изнесува исто колку и нашата дланка, но со внесување на поголемо количество на храна го шириме. Ке чувствуваме глад се додека не го наполниме желудникот, а тоа нема никаква врска со нашите потреби за хранливи материи. Еве во твоето мени има тестенини кои ке ти го наполнат желудникот, ано немаат никаква нутритивна вредност. Желудникот полн - организмот гладен. Кога би јадел земја на пример, би внел многу повеќе хранливи материи одколку кога јадеш тестенини.
Но сепак, чувството на глад е непријатно. Колку и да мислиме на здравјето, неможеме да бидеме гладни нели, но голема заблуда е дека ако јадеш здрава храна ке бидеш гладен. Наутро за доручек ако не те заситува една банана, можеш да изедеш 3 или 4, можеш и десет, нема ограничувања.
Наместо да постираш секакви линкови, пробај храни се вака, па самата најдобро ке процениш. Сешто може да пишува на интернет и можеме бесконечно да си ставаме линкови, ги има безброј и такви кои ја подржуваат твојата теза, но и такви што ја подржуваат мојата. Разликата во мене и тебе е таа што јас сум ги пробала и двата начина на исхрана и можам да зборувам од искуство, ти ја немаш таа привилегија.
Инаку, секој отров е и лек, секој лек е и отров. Отровот во мали количини ги убива малите организми, отровот во големи количини ги убива големите...
Примерите за смртните случаи од твоите линкови се примери за не правилна исхрана и не ги сметам за аргумент. Сите знаеме дека лимонот е здрав, но ако се запнеш да јадеш по два килограми лимони секој ден, подолг временски период, сигурно дека ке ти се случи нешто.