Проблеми помеѓу родители и нивните деца

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
од 18 си полнолетен и имаш право да одговараш за своите постапки а јас 20 и детиште .. цц
Па што си ако не детиште? Чудо големо ако од 18 си полнолетен, јаките години. Во другине земји границата е 21 па и тогаш може да се каже дека е малку, а не па 18. И демек што сакаш можеш да правиш ако си полнолетна. Жити паметот што го имаш на 18 години, ми глумите полнолетни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne

QueenV

Нов член
25 јуни 2015
8
1
3
29
реалност

ако не си од корист те молам игнорирај го овој пост лечи комплекси на друг ;)
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
ако не си од корист те молам игнорирај го овој пост лечи комплекси на друг ;)
Ти оди глуми голема на родителите, кажи им дека треба тие тебе да те слушаат а не ти нив, дека полнолетна си нели а тоа е многу важно. Имаш 18-9 години, не е мала работа тоа.
 
QueenV

Нов член
25 јуни 2015
8
1
3
29
реалност
Ти оди глуми голема на родителите, кажи им дека треба тие тебе да те слушаат а не ти нив, дека полнолетна си нели а тоа е многу важно. Имаш 18-9 години, не е мала работа тоа.
а колку е лесно да читаш и да осудуваш некој нели ха
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Луѓе дајте малку не бидете наострени кон девојкава. Нит леб ви има земено си праша конкретно за нејзин проблем.
@QueenV се` уште не ми имаш конкретно одговорено, што точно е твојот проблем. Ако се срамиш, не е проблем може ПП да пратиш, но вака со недоречен проблем не знам колку можам да ти помогнам.
Што точно ти забрануваат твоите родители?
Дали се работи моментално за летово или си постојано под нивна милост и немилост?
Дали ја одобруваат врската во која што си моментално, или делумно во моментот поради лично нивни калкулации со пари не можат да ти го приуштат задоволството да отидеш на одмор со дечко ти?
Каде поточно лежи целиот проблем?
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Јас вака да си кажам, му пишав и на девојчето во пп. Денот кога ќерка ми ќе ми побара да оди да спие со дечко ѝ во друг град, ако уште постои форумов ќе ви пишам да дојдете во болница да ми донесете сокчиња, овошје. Мозочен или срцев удар ќе ме стрефи.
Замислете кои работи се вртат низ мозокот на родителите:
1. Ќе се испијанат, ќе се испотепаат кој ќе одбрани.
2. Ќе спијат заедно, секс ќе имаат, не знаат што е кондом ќе забремени.
3. Леле, што ќе помислат родителите негови? Какви се тие родители што така слободно го пуштиле девојчево во друга куќа!!!
И еден куп други стравови и мисли што ќе поминат низ мозокот на родителот.
И тој строго ќе каже НЕ! Не можеш да одиш.
Детето ќе се налути, ќе бара објаснување, родителот од срам нема да ги каже сите мисли што поминале низ глава...
И ете, родителот во дел од секунда станува реинкарнација на Хитлер....
 
Абе се` тоа е добро и реално ти можеш да збориш пошо имаш повеќе искуство во родителскиот свет. Но да видиме вака сеа... 20 години има девојкава, иако е на некој период на средно-рана адолесценција, може малку да се ослободи притисокот. Ако родителите целосно и го контролираат секој нејзин чекор, што ќе биде од тоа дете на 22, да не речам 24. Млади се децава, прават понекогаш и глупости, некои по грешка стануваат мајки, други се ебаваат па користат заштита, се информираат околу тоа целосно. Не знам што е полошо, дали мајка со дете на 21на или па неизживеана девојка на 25 поради гневот на родителите затоа што ете не одобрувале нешто.
Ако се догради девојката како личност, ако почне сама да заработува доволно за еден одмор што се вика, не гледам зошто родителите да и` забрануваат. Ете можеби летово нема да и` успее, но ти гарантирам дека и следното лето родителите нема да и` дозволат освен ако самата таа не направи нешто околу тоа. Еден од начините е да почне да се осамостојува (работа во кафич/part time). Ако родителите не гледаат на ова како големо подобрување на своето дете, тогаш се работи за преопсесивни родители.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and MissChievous

Види, и мене ми е рано да зборувам за вакви работи. Јас како родител најголем проблем со кој се среќавам е неодење во градинка :)
Ама се ставам во позиција на родител на тоа девојче, вака грубо, незнаејќи ги сите податоци, туку само читајќи ги коментарите.
Не знам дали се престроги родителите. Можеби се, ама можеби и не се.
Секој родител си го познава своето дете.
Јас како родител, првично би требало да имам доверба во моето дете да го пуштам некаде. Ако немам, нема да го пуштам.
Чинам, и секој нормален родител така.
Ти си теоретски во право. Дека пополека треба да се пуштаат стегите. Ама не сите стеги.
Размисли, можеби постои и друга причина за да се забрани одењето. Можеби според родителот дечкото не е во ред. Можеби дознале некои информации кои не им се допаднале(коцка, дрога, алкохол, тепачки).
Ама еве, настрана од овој конкретен случај.
Според мене родителот треба да биде највнимателен токму во овој период. Овој период е кога хормоните го постигнуваат својот максимум во одење пред мозокот. Затоа треба да се седнува и да се разговара со детето. Еве во конкретниот случај, забраниле, не објасниле убаво зошто. Да објаснеле, можеби и немало девојчето да биде толку исфрустрирано. Или, да разговарале повеќе со ќерка им, можеби и би имале повеќе доверба да ѝ дозволат. Не знам дали сум доволно јасен со ова што сакам да го кажам...
Во основа, не е лесно родител да пушти дете, посебно девојче(во овој заостанат менталитет на малите градови) да отиде да спие во друг дом. Па тука потоа следат цела една војска од озборувачи кои ќе му ја извадат душата.
А и, не знам баш дали треба да споредуваш 21 годишна девојка која е бремена и таа другата како ја нарече не ми текнува. Затоа што таа, со детето може да има многу повеќе проблеми од неизживеаност. Во основа, двете ќе бидат неизживеани. Едната затоа што гледала деца, другата затоа што ја стегале од дома. Само вторава можеби ќе има завршено и факултет, можеби ќе си најде работа и брзо ќе успее да ги шутне, а оваа вторава, ќе ги шутне своите родители ама штодека, ќе треба дете да гледа, ручек да прави, куќа да чисти. Факултетот ако го оставила, да му се врати после 2 - 3 години и потоа да ги прави истите работи само плус да учи. Живеење... кога ќе пораснат децата, за жал.
 
Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
тоа што не ми дозволуваат да донесувам сама одлуки а имам речиси 20год. , тоа што со дечко ми сме разделени преку летото (додека не почне повторно учебната год.) а не ми дозволуваат да го посетам како да тој е милионер и секогаш може да дојде.
Нормално е тоа што родителите се загрижени за тебе па затоа и не ти дозволуваат некои работи, ти си нивно дете, ќе се грижат за тебе дали си добро, дали си на сигурно и сега и за дваесет години
но дали си се запрашала дали грешката е кај тебе?
дали си седнала со твоите да разговараш како со пријател па да им докажеш дека треба да имаат доверба во тебе?