Читајќи си го моето мислење погоре на темава, едно само ќе ти кажам, замена за мајка нема!!!И јас имам постојани проблеми со мајка ми. Сака сѐ да е по нејзино, ме критикува и осудува за сѐ што и да направам. Не ме остава сама да си одлучувам за себе, според нејзе, сѐ што правам е погрешно. Како да ѝ објаснам дека тоа ми пречи? А и да ѝ кажам, не знам дали ќе ме разбере.
Претпоставувам млада си, поинаку гледаш на работите, поточно не си до момент дојдена кога навистина сама ќе мора да ги носиш одлуките, затоа колку и да не ти одговараат, цени ги.