Проблеми помеѓу родители и нивните деца

Angel-Alessandra99

Староседелец
2 јули 2015
46
44
628
25
Во светот на модата
тоа што не ми дозволуваат да донесувам сама одлуки а имам речиси 20год. , тоа што со дечко ми сме разделени преку летото (додека не почне повторно учебната год.) а не ми дозволуваат да го посетам како да тој е милионер и секогаш може да дојде.

Сите ти дале прекрасни совети.Иако сум помала од тебе 4 години(ако е вистина дека имаш 20 години),слободно можам да ти кажам дека во овој случај и ти грешиш.Родителите не ти бранат сама да носиш одлуки,туку се грижат за тебе.Ако си полнолетна,не значи дека секогаш треба да им се спротиставуваш на родителите и дека можеш да правиш што сакаш.И како што рекол @--Анхис-- ,можеби дознале некоја информација за дечкото што на нив не им се допаднала.Истото што те прашал @Makedonec,те прашувам и јас.Ако не си ги направила тие работи,направи ги.
 
escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
QueenV еве имам 23 години и до ден денес на одмор одам со моите, језда тоа не може ни одмор да се нарече но еве да речеме. За екскурзии или одмори со друштво сум можела само да сонувам е освен еднаш што ме пуштија на два дена во едно село кај една другарка, уште се чудам како ме пуштија. :^) Од секогаш биле строги моите поточно мајка ми, татко ми никаква улога не игра. Поточно не се строги, а се плашат, ама таков страв богами е реткост. Некогаш се осеќам ко да живеам во стаклено ѕвоно ама се навикнав никогаш не сум им се бунела до степен да си го добијам своето, може да ќе водам инат со нив но на крај секогаш сум попуштала. Па би ти рекла биди среќна што само тоа ви е проблемот и не знам колку би ти помогнало но добро би ти дошло за тешење, знај дека секогаш има полоши случаи од твоите еве ја сум еден пример.

Со месеци немам излезено надвор навечер и ако излезам најкасно 11 се враќам, а па кога ќе излезам повеќе муабет правам со мајка ми отколку со луѓето. За дечко да не зборам, научна фантастика е тоа за мене. Не знам како воопшто би функционирало, или никогаш не би имала или би си барала некој од Зимбабве колку еднаш годишно да се гледаме нели да не е без ич. :) А недај боже да им кажам дека со машко одам на кафе, ко да сум им рекла "еј излегов да се прошетам со МАЖ МИ", или па "одам надврод за да ме силуваат", какво кафе какви глупости, а да не спомнувам колку пати ќе ми ѕвонат, како и многу други работи.
Од што ми е толку за никаде животов нормално тоа не е целосно моја заслуга да ти кажам право ми иде само да се смеам.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Види, и мене ми е рано да зборувам за вакви работи. Јас како родител најголем проблем со кој се среќавам е неодење во градинка :)
Ама се ставам во позиција на родител на тоа девојче, вака грубо, незнаејќи ги сите податоци, туку само читајќи ги коментарите.
Не знам дали се престроги родителите. Можеби се, ама можеби и не се.
Секој родител си го познава своето дете.
Јас како родител, првично би требало да имам доверба во моето дете да го пуштам некаде. Ако немам, нема да го пуштам.
Чинам, и секој нормален родител така.
Ти си теоретски во право. Дека пополека треба да се пуштаат стегите. Ама не сите стеги.
Размисли, можеби постои и друга причина за да се забрани одењето. Можеби според родителот дечкото не е во ред. Можеби дознале некои информации кои не им се допаднале(коцка, дрога, алкохол, тепачки).
Ама еве, настрана од овој конкретен случај.
Според мене родителот треба да биде највнимателен токму во овој период. Овој период е кога хормоните го постигнуваат својот максимум во одење пред мозокот. Затоа треба да се седнува и да се разговара со детето. Еве во конкретниот случај, забраниле, не објасниле убаво зошто. Да објаснеле, можеби и немало девојчето да биде толку исфрустрирано. Или, да разговарале повеќе со ќерка им, можеби и би имале повеќе доверба да ѝ дозволат. Не знам дали сум доволно јасен со ова што сакам да го кажам...
Во основа, не е лесно родител да пушти дете, посебно девојче(во овој заостанат менталитет на малите градови) да отиде да спие во друг дом. Па тука потоа следат цела една војска од озборувачи кои ќе му ја извадат душата.
А и, не знам баш дали треба да споредуваш 21 годишна девојка која е бремена и таа другата како ја нарече не ми текнува. Затоа што таа, со детето може да има многу повеќе проблеми од неизживеаност. Во основа, двете ќе бидат неизживеани. Едната затоа што гледала деца, другата затоа што ја стегале од дома. Само вторава можеби ќе има завршено и факултет, можеби ќе си најде работа и брзо ќе успее да ги шутне, а оваа вторава, ќе ги шутне своите родители ама штодека, ќе треба дете да гледа, ручек да прави, куќа да чисти. Факултетот ако го оставила, да му се врати после 2 - 3 години и потоа да ги прави истите работи само плус да учи. Живеење... кога ќе пораснат децата, за жал.
Oсвен со неизживеаноста со другото се сложувам.
Веруј нејќеш да запознаеш неизживеана психички недоволно оформена личност. Тие покрај тоа што имаат душа на дете, го имаат и тој инает кој не им дозволува да бидат по малку прагматични во животот. Тој инает им се одбива од глава за да се оформуваат понатаму, така со тек на време стануваат уште потешки луѓе, опасност се за заедницата бидејќи се целосно зависни од неа, но не можат никако да придонесат пошто не знаат како. Ако го знаеш феноменот детенце на 30 години ќе ти стане јасно. Желбите им се помали секако, но додека не ги исполнат спремни се буквално на секаков чекор. А ти ќе мораш од страна да ги пазиш како родител. Така да не е само убавината што треба да ја согледаат во и вон родителската грижа, треба малку и одговорноста да ја осетат на своја кожа. Како и што, до одредена возраст родителот ја има најоглемата улога. Но после тоа општеството.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: gabi96 and MoonFairy

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850

Ама јас тоа не го негирав. Само ти реков дека неизживеаноста ќе биде иста и кај девојка која родила на 21 година и кај таа што е стискана од дома. Потполно иста.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Oсвен со неизживеаноста со другото се сложувам.
Веруј нејќеш да запознаеш неизживеана психички недоволно оформена личност. Тие покрај тоа што имаат душа на дете, го имаат и тој инает кој не им дозволува да бидат по малку прагматични во животот. Тој инает им се одбива од глава за да се оформуваат понатаму, така со тек на време стануваат уште потешки луѓе, опасност се за заедницата бидејќи се целосно зависни од неа, но не можат никако да придонесат пошто не знаат како. Ако го знаеш феноменот детенце на 30 години ќе ти стане јасно. Желбите им се помали секако, но додека не ги исполнат спремни се буквално на секаков чекор. А ти ќе мораш од страна да ги пазиш како родител. Така да не е само убавината што треба да ја согледаат во и вон родителската грижа, треба малку и одговорноста да ја осетат на своја кожа. Како и што, до одредена возраст родителот ја има најоглемата улога. Но после тоа општеството.

Имам видено и детенца на 70+ макар да не знам, викаат дека старите минувале низ фаза на инфантилизам, :ladno не сите, некои се претвараат во растенија а некои во инвентар на градскиот превоз...

QueenV еве имам 23 години и до ден денес на одмор одам со моите, језда тоа не може ни одмор да се нарече но еве да речеме. За екскурзии или одмори со друштво сум можела само да сонувам е освен еднаш што ме пуштија на два дена во едно село кај една другарка, уште се чудам како ме пуштија. :^) Од секогаш биле строги моите поточно мајка ми, татко ми никаква улога не игра. Поточно не се строги, а се плашат, ама таков страв богами е реткост. Некогаш се осеќам ко да живеам во стаклено ѕвоно ама се навикнав никогаш не сум им се бунела до степен да си го добијам своето, може да ќе водам инат со нив но на крај секогаш сум попуштала. Па би ти рекла биди среќна што само тоа ви е проблемот и не знам колку би ти помогнало но добро би ти дошло за тешење, знај дека секогаш има полоши случаи од твоите еве ја сум еден пример.

Со месеци немам излезено надвор навечер и ако излезам најкасно 11 се враќам, а па кога ќе излезам повеќе муабет правам со мајка ми отколку со луѓето. За дечко да не зборам, научна фантастика е тоа за мене. Не знам како воопшто би функционирало, или никогаш не би имала или би си барала некој од Зимбабве колку еднаш годишно да се гледаме нели да не е без ич. :) А недај боже да им кажам дека со машко одам на кафе, ко да сум им рекла "еј излегов да се прошетам со МАЖ МИ", или па "одам надврод за да ме силуваат", какво кафе какви глупости, а да не спомнувам колку пати ќе ми ѕвонат, како и многу други работи.
Од што ми е толку за никаде животов нормално тоа не е целосно моја заслуга да ти кажам право ми иде само да се смеам.

Не мора од Зимбабве може од Родезија некој :) (kidding)
Ќе се најде кога најмалку очекуваш, после ќе читаме постови во темата за свадби :pusi

Општо (не само за претеран страв/заштитничко однесување) околу ситуација со родители е тешко да се смени нешто пошто се дели животен простор а истите се престари за да се менуваат, останува моментот на физичко одвојување/независнот која за жал е тешка работа во Хунзистан па така имаме по 2,3 а понекаде и по 4 генерации кои живеат под ист кров :(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Не мора од Зимбабве може од Родезија некој :) (kidding)
Ќе се најде кога најмалку очекуваш, после ќе читаме постови во темата за свадби :pusi

Хаха од Зимбабве некако ми се посимпатчни, :D ама не е лоша идеја да ги ѕирнам и тие од Родезија. :D
Од ова здебеленово да ти кажам право страв ме фаќа веќе, а точно е се наоѓаат баш кога најмалку очекуваш ама прашање е какви се наоѓаат, а ја ко што имам таква среќа, од лоши полоши наоѓам, уште не можам да формирам една нормална дефиниција за катастрофа маж затоа што секогаш налетувам на уште полош, што за среќа ќе беше тоа? |-( Свадба скраја да е додека сум жива нема никакви теоретски па и практични шанси, а за после што знам ќе размислам. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Некако ме буни муабетов...
20 години се малку за да појдеш на гости ден два кај дечко ти...? Денес? Во ова време?
Па и не би рекла...Ако родителите толку се грижат да не забремени или да не се испијани, тогаш нека не ја праќаат да студира...вака барем се под надзор на неговите родители, а во студентски?! кој ќе ја контролира тогаш?
А и колку толку адолесцент е...па нека се учи на сопствените грешки...
Едно знам, мене ми беше дозволено се’...и никогаш не го злоупотребив тоа и никогаш не сум направила беља...
Мене дечко ми од Скопје ми беше на гости на спиење на мои 17 години, остана неколку дена, шетавме се дружевме и никому ништо...
Ако сака некој да направи глупост, ќе направи без оглед на тоа што му го вели родителот...
Најбитен е пристапот на родителот, ако е во вид на наредба има големи шанси истата да не се послуша и примени, ако е топол и пријателски, совеста ќе проработи...
 
●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Веќе ги нема, сето тоа замина, сето тоа е сега минато кое сакамеда го заборавиме и двете.

Мајко моја, моја сило, моја најверна другарке.. Ти, која некогаш ме малтретираше, душман ми беше, ти сега.. Сега си мајка, сега си најмила..
Не можам да заборавам и да сакам не можам, но ти простувам.. Прости ми и ти мене, за кажаните зборови, за караниците .. Мајките простуваат, секоја мајка тоа го вели, но и ќерките простуваат мајко. Ти простив. Те сакам мајко, најмила моја (hug)(flower)
 
D

Deleted member 10294

Гостин
И јас имам постојани проблеми со мајка ми. Сака сѐ да е по нејзино, ме критикува и осудува за сѐ што и да направам. Не ме остава сама да си одлучувам за себе, според нејзе, сѐ што правам е погрешно. Како да ѝ објаснам дека тоа ми пречи? А и да ѝ кажам, не знам дали ќе ме разбере.