Темата е независност - осамостојување или како да се купи куќа-стан?Cool story bro
Сега испринтај го ова и оди во стопанска нека ти направат процена на лице место, има фини службенички таму, шеќер и водичка имаш од мене
Ова е хипотекарен кредит каде што треба да ставиш залог и само така можеш да учествуваш со минимум 10% (што не значи автоматски дека ќе ти одобрат 10% учество, тоа само со тешки врски левел стрико да ти е некој од управен на стопанска)
Then the fine print...
Ba dum tssssss.........
Знаеш ова што значи? Дека за ти одобрат ваков кредит (теоретски со над 9.100 плата а реално со таква сума ќе ти одобрат - никогаш) треба да ставиш хипотека на стриктно недвижен имот (коли и мотори не вршат работа) во вредност која овластени проценители ќе ја проценат на .....барем третина над вредноста на кредитот, што значи ако земаш стан од 50К и (чисто теоретски) добиваш кредит на 10% учество со минималец , залогот мора да е минимум 60.000 евра а максимум 112.500 евра.
Ако банката процени дека си ризик, ондак ќе ти бараат залог не од 133 него поблиску до 250%, зависи од процена нивна.
Него пресмета колку е рата со понудениве камати (кои можат да ги наголемат како ќе им дувне после првата година), ете 5К учество, наоѓаш жирант за 90К еура (200% те проценуваат ризик на 300 евра плата) и ти остануваат 45К поделени на 30 години со каматите...е сеа израчунај и кажи колку ќе ти останат од 300-те евра месечно, да не испадне ратата поголема од платата
Дакле и под теоретски најповолна процена (а во реалност кврц) можностите се никакви.
Муабетите со `изговор` `виновник` бла бла се непотребни. Таа е реалноста, и Сан Марино сака да оди на свецко али тоа е, не може.
Не ти го кажувам ова ради теоретско солење памет туку дека се имам распрашувано и знам како одат работите горе долу.
Повторно имаш утки во математиката!
Една куќа-стан кој не се во централно градско подрачје се движат од 30000- 40000€ ,збориме за скрома квадратура.
Износот за кој те кредитира банката на Скопско ниво објект е 140% тоа значи на објект од 30000€ договорена цена со продавач тие го проценуваат 42000€,учеството минимално 10% на тој износ е 4200€ што ако се одземе од договорената цена,банката те кредитира со 25800€ на 30 год. со некоја месечна рата од 200€.(груба математика може плус-минус 10-20€)
Да бидеш кредитно способен треба да има работа на неопределено време,дополнително олеснување е да живееш во заедница со брачен друга кој исто така е вработен и еден жирант.
Се на се,куќата или станот може да бидат само некоја сигурност за кров над глава,ослободен дека утре нема никој да те брка затоа што газдата го оженил синот или некој нуди поголема кирија,многу мачни се тие преселби.
Можеби имаме различни дефиниции за тоа што значи да биде човек независен -осамостален,па ако не ти е проблем дефинирај.
Инаку за мене,осамостален човек е оној кој не зависи финансиски од никого,дали плаќал кирија или кредит е небитно се додека сам ги решава сите потреби за својот живот.