Независност

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
@Outrider се додека живееш со термин дека општеството е преголемо од самиот човек,ќе се пениш со сарказам,групирајќи се со истомисленици,оправдувајќи или напагајќи одредена партиска група што го води општеството,ко демек вие знаете како треба.
А всушност е обратно,секој човек е држава,ако не умееш да си го средиш својот круг на живеење,да си поставиш свои норми и правила ќе се крите позади туѓи општествени неуспеси.
Посочив пример како се почнува од нула,но кога би го разглобил сето тоа се доаѓа до едно не многу уочлив проблем,а тоа е потрагата по мир и спокој.Не битно е каде,со кого,што работиш или каде живееш,се додека се нема мир и спокој ќе се талка по некој поубав живот залажувајќи се дека со изобилство ќе се придобие тоа.

Токму тој мир ќе се корити како морковче за да се придобие народот.
Независноста или осамостојувањето е чин на поединец,ослободен од рамките на општествените предрасуди за тоа што е успех.

Не гледам бројки, само букви, give us the numbers, give us the numbers (party)
Види во основа не сум нешто склон кон изнесување лично инфо на форум и сето тоа, во случајов ти сам спомена бројки и сето тоа е во ред, си почнал од нула и си отишол нагоре, не е во тоа муабетот. Ете не мора лично, наведи некоја сума и некоја рандом професија па да ги разгледаме бројките.

Муабетот е во продавање магла дека можел млад човек да се осамостои и дека не требало да го обвинува системот бла бла. Ако се водевме по таа неверојатна логика сега сеуште ќе беше робовласништво...дали си ти тоа сериозен дека системот во Хунзистан е добар?:rofl
Unless...се имаш прикачено на државна цицка и сега се бавиш со продавање басни...
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91

Муабетот почна да ја губи смислата во однас на темата.
Со твојот сарказам и иронија дека е невозможно човек да се осамостали паѓа во вода,за што во кратки црти го раскажав мојот пат,кој уште го одам.
Но,сосема поинаку ќе беше ако и ти си имал зачекорено,па да ги споделиш предизвиците кој те одвратиле од тоа,вака ќе испадне како оноа дека на слеп човек не можеш да му докажеш како изгледа темнината,кога светлина никогаш не видел!

п.с.не работам во државна институција.
п.с.с.бројките се дадени само треба да уклучиш мозок и да пресметаш.

И никаде не обвинив или оправдав некој систем,напротив од истиот се дистанцирам,тоа кажува дека не ме читаш што пишувам!
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
@Outrider Не битно е каде,со кого,што работиш или каде живееш,се додека се нема мир и спокој ќе се талка по некој поубав живот залажувајќи се дека со изобилство ќе се придобие тоа.
Независноста или осамостојувањето е чин на поединец,ослободен од рамките на општествените предрасуди за тоа што е успех
.
И јас цврсто верувам во истово и кон истото и се стремам, односно го живеам секој ден толку колку што условите дозволуваат, но и другата страна е во право бидејки баш тие услови кои (не)дозволуваат понекогаш знаат да бидат пресудни за (не)успехот во дадени моменти.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Муабетот почна да ја губи смислата во однас на темата.
Со твојот сарказам и иронија дека е невозможно човек да се осамостали паѓа во вода,за што во кратки црти го раскажав мојот пат,кој уште го одам.
Но,сосема поинаку ќе беше ако и ти си имал зачекорено,па да ги споделиш предизвиците кој те одвратиле од тоа,вака ќе испадне како оноа дека на слеп човек не можеш да му докажеш како изгледа темнината,кога светлина никогаш не видел!

п.с.не работам во државна институција.
п.с.с.бројките се дадени само треба да уклучиш мозок и да пресметаш.

И никаде не обвинив или оправдав некој систем,напротив од истиот се дистанцирам,тоа кажува дека не ме читаш што пишувам!

Светлини, темнини, уроци, бла бла, следува шо кажал буда и слично...
Кои бројки ги даде?

Се вратив и најдов место за кое плаќав 2500мкд кирија + трошоци за струја и вода,работев во еден погон за произвоство и дистрибуција,платата беше скромна некојси 8000-9000мкд,за да ги намалам трошоците патував со точак (зимо и лето),само во дожливи денови користев автобуси.

Се задржав подолго таму на работа,стекна искуство и имав добри обуки,што ми овозможија да конкурирам во подобра фирма.
И така бидна,подобра фирма,подобро платена,картичките почнав да ги затворам и да променам стан,сега подобар за 5000мкд
Некако успев и кола да купам,па се надевам следното ќе биде,да купам помала куќа.:kafe
Големо школо е живото,научив многу,искусив многу,можеби и премногу.Никогаш,ама никогаш, никој не можеше да се примети дали имам или немам пари во џебот,јас секогаш бев истиот.

metalsign_takemetoyourdealer_big.jpg

Како што реков, дај да видиме како стојат бројките, немора твоите, некои бројки на рандом просечен лик од Хунзистан, бирај сакаш 9.000, 10.000, 200 евра, сакаш 300 (иако таквите се тешка мањина), колкави се трошоците за најосновни потреби, колку може да се заштеди и тек онда кредитоспособност или цена на материјали или било што, да видиме што и колку е можно.
Ако ја земеме киријата како квази-независност, кирија со тројца цимери во станче во гарсоњера, со четворица во трособен...

Што се однесува до мене, имав земја, имав средства (работа во иноземство) почнав да градам и пред 4 години се деси нешто гадно, не би навлегувал во тоа на форум а и не е важно, па не испадна ништо тогаш, во меѓувреме земјата морав да ја продавам ради далеку поважен приоритет, така да добро ги знам цените на материјали и све по ред, само како што наведов тоа е алтернативен начин кој нема врска со стан или класична куќа.
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
@Outrider,бројките се дадени и за истите не треба некое големо познавање од математика да пресметаш колкави се примањата на дупло зголемена кирија.

Да се биде независен и осамостален не се пресметува во тоа дали имаш стан,имот или кола.Туку во тоа да не зависиш од никого,односно сам да ги покриваш сите трошоци.
С'е друго е плус со што си го олеснуваш животот.
Сепак најголема придобивка е изоденио пат и искуството со кое човек се здобива.
Затоа реков да се ослободи човек од стегите на општеството за тоа што значи успех.
Но гледам дека повеќето поимот за успех им преставува изобилие,можеби и затоа веќе таква поставена цел ќе бидат обесхрабрени да продолжат бидејќи со просечни примања тоа за нив е недостижно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Prashina

Сакам да додадам дека и трошоците можат да се намалат на минимум доколку целта е поголема заштеда. Многумина исто така мислат дека за да опстојуваат со многу малку пари треба да живеат во беда, што не мора да е така. Ако добро се испланира на што ке се трошат парите, на што ке се крати, на што не, тогаш човек навистина може да тргне некој денар на страна. Повекето кои се жалат дека немаат пари пушат цигари минимум кутија на ден, пијат по неколку кафиња, од кои голем дел ги пијат по кафичи, не штедат да облека и излегување, имаат модерен мобилен со незнам каква камера и сл. се хранат со брза храна која освен што не е здрава е и скапа, но тоа е човек попрво би бил модерен одколку среќен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Pica pica

Добро да се испланираат годишните трошоци.
На пример греење со дрва користејќи го ќумбето и за готвење,сметката за струја е помала од онаа во лето.
Неделно за храна се доволни од 800 - 1300мкд во зависност од годишното време.
За превоз плус 4 картички од 10 возења...1000мкд
Ако се направи математика излегува дека:
На примања од 18000мкд
Трошок за кирија 5000мкд ,струја 1100мкд,вода и џубретарина 550мкд
Некаде 13000 мкд се трошоци.
Остануваат 5000-6000мкд за на сртана ,дел тргам за дрва,дел го чувам.
Ако се додадатат бонуси од работа тоа е плус,или К15 кој го користам за регистрација на колата.
Дополнително ако успеам со одмори користам за берба на печурки,а лето обавезно берам чај продавајќи ги китките топтан.

Во целава математика годишно може да се тргнат на страна од 700-1000еур

Сумата е мала,по некоја година ќе бидат доволни за учество за кредит и да се купи помала куќа или стан.

Во секој случај,брзо богатење нема,а времето е тоа што многумина ќе ги одврати од независнот и осамостојување,а посебно ако се научени да живеат на висока нога.

Страм од работа нема,ама паметни луѓе има многу кој ќе се пенат во уста да докажат дека друг им е крив за нивната неспособност.
Жално :(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and malo

Дрва под 2.000 кубик тешко да најдеш а заборави и бензин, мобилен, интернет и средства за хигиена.
Фино ајде, остануваат 5-6К, Тоа е 80-100 евра месечно. Годишната заштеда ако е 700 евра тоа е 60 евра месечно тргање настрана а ако е 1000 тоа е 85 евра. Тоа значи дека остануваат 15-40 евра за сите можни остали трошоци.
Што тоа значи?
Тоа значи исклучуваме секаков облик на социјален живот, кино, фудбалски утакмици, рандом подновување на гардероба или било што слично. Афтершејв е за размазени, ракија од 150 денари литроипол е за праф маш. Уствари бричење и не мора, може да се негува брада и да се крати со ножици.

За учество во кредит за стан од 50м2 во Скопје ти требаат барем 15-тина илјади евра.
Што со темпо од 700 евра годишно е 21 година и шест месеци штедење. :zelen
За куќа не праиме ни муабет пошто се поголеми квадратури.
Под услов кредитот да биде одобрен секако. Ако се заштедуваат 1000 евра годишно онда ќе требаат само 15 години. За учество. Под услов и во 2030 цените да бидат како денес. После ок, 30 години исплата на рати со месечна рата 220-250 евра со плата од 300 евра. А сметај дека ратата само првата година е фиксна, после е флексибилна :kafe
Леџит ез Саи Баба.

се` на се` 15-21 години собирање за учество и 30 години отплата, половина век за митското станче.

Ок, не мора да биде Скопје ама каде и да е без 30 години нема теорија.

Причај ми о неовисности, молим те...
 
Подобро треба да се информираш за тоа како се аплицира и колку учество е потребно.
http://stb.com.mk/karakteristiki-na-stanben-kredit.nspx

Доволно учество е 10% од вредноста на објектот,пари се потребни и за пред договор нотарски заверен околу 6000мкд
Значи имаш погрешна математика или погрешна информација.

И пак ќе повторам,поседување стан,куќа,имот или било каков движен и недвижен имот не може да биде репер за независност и осамостојување на поединец.

Зошто не коментираш за почетокот,односно самиот старт кој почнува со нула,кога математиките се невозможни.
Кога се наоѓа на самото дно,каде не те сметаат за човек,тие моменти се многу потешки отколу некој квази математики за купување стан или колку се трга на страна.
Мислам дека од тој момент повеќето се плашат,а изговор им се математики и вперување прст во општеството како главен виновник.

Ниту едно школо не може да го замени животно искуство.
 
Cool story bro :D
Сега испринтај го ова и оди во стопанска нека ти направат процена на лице место, има фини службенички таму, шеќер и водичка имаш од мене :zelen

Ова е хипотекарен кредит каде што треба да ставиш залог и само така можеш да учествуваш со минимум 10% (што не значи автоматски дека ќе ти одобрат 10% учество, тоа само со тешки врски левел стрико да ти е некој од управен на стопанска)

Задолжително сопствено учество од најмалку 10% од вредноста на станот што се купува (само за кредити обезбедени со залог на недвижен имот)

Then the fine print...

Хипотека на недвижен имот во вредност од 133%-250% од износот на кредитот во зависност од локацијата на имотот понуден како обезбедување

Ba dum tssssss.........

Знаеш ова што значи? Дека за ти одобрат ваков кредит (теоретски со над 9.100 плата а реално со таква сума ќе ти одобрат - никогаш) треба да ставиш хипотека на стриктно недвижен имот (коли и мотори не вршат работа) во вредност која овластени проценители ќе ја проценат на .....барем третина над вредноста на кредитот, што значи ако земаш стан од 50К и (чисто теоретски) добиваш кредит на 10% учество со минималец :rofl, залогот мора да е минимум 60.000 евра а максимум 112.500 евра.
Ако банката процени дека си ризик, ондак ќе ти бараат залог не од 133 него поблиску до 250%, зависи од процена нивна.

Него пресмета колку е рата со понудениве камати (кои можат да ги наголемат како ќе им дувне после првата година), ете 5К учество, наоѓаш жирант за 90К еура :frantic(200% те проценуваат ризик на 300 евра плата) и ти остануваат 45К поделени на 30 години со каматите...е сеа израчунај и кажи колку ќе ти останат од 300-те евра месечно, да не испадне ратата поголема од платата :zelen

Дакле и под теоретски најповолна процена (а во реалност кврц) можностите се никакви.
Муабетите со `изговор` `виновник` бла бла се непотребни. Таа е реалноста, и Сан Марино сака да оди на свецко али тоа е, не може.
Не ти го кажувам ова ради теоретско солење памет туку дека се имам распрашувано и знам како одат работите горе долу.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence