Прв пат сум на форумов, и тоа маката ме натера да се зачленам, па ве молам за било каков совет, макар и критика. Сите имаат проблеми, кој финансиски, кој здраствени, кој семејни, нема човек без проблеми. Мене најголем проблем ми е тоа што имам психички проблем. Не можам да се социјализирам, немам ниту еден пријател (ни за на кафе), другите имаат најверојатно лошо мислење, и многумина ми кажале дека сум недружељубива. Во основно и средно бев исмејувана и понижувана од останатите врсници, а поимот другарка е за мене непознат. Дома сум постојано помеѓу 4 ѕида и тоа ме прави очајна. Немам самодоверба, не верувам во себе, а најголем непројател ми е стравот. И западнав во депресија. Сепак, сметам дека големо влијание има тоа што од дома, од најмали нозе бев малтретирана и психички и физички. Од најмали нозе не само што јадев ќотек и кога бев крива и кога не бев , туку секојдневно ми велеа дека ништо не вредам, дека не сум нормална и слично и тоа ми се всади во глава па и јас почнав така да мислам за себе. Никогаш од дома не сум добила ни љубов ниту ми помогнале да израснам во психички стабилна личност. Пораснав во личност без самодоверба, личност која не знае да се социјализира и да комуницира со другите, личност во длабока депресија, личност без однесување и карактер. И не не е период. Период не е нешто што трае со години и години. Извесно време одев на психијатар и пиев антидепресиви ама не ми помогна ништо, и преќинав, сега сакам пак да одам бидејки знам дека ми е потребна стручна помош. Ве молам за било каков совет. Што мислите според вас дали оваа ситуација може да се надмине, дали има решение?