Не знам навистина зошто секогаш се навраќате дека форумот не ист како порано,работите се смениле...
Пред се вие се менувате и не сте исти како порано,а форумот кој го сочинува?! После форумот бил сменет ...
Тоа што го посочи (дека корисниците се менуваат, а со тоа и форумот) никој не го оспорува, всушност е многу логично, меѓутоа во овој случај не е соодветно. Не станува збор за некакви промени кај корисниците, дека некогаш сите биле толку добри луѓе, па еве сега се менуваат и со тоа го расипуваат и форумот, туку станува збор за
заминување на корисниците. Станува збор за неактивни теми. Во најпопуларните "подфоруми" (како Општи муабети, Љубов и секс, Образование, Хумор и Сеир, Играчнца)
релативно активно се постира во едвај 5 теми (во Љубов и Секс од 252 теми само една е активна и во Образование 113 теми, истотака, само една тема е активна), додека останатите теми се неактивни повеќе од месец, два, дури и пола година. И тоа ако под "активно се постира" се мисли на последниве ден, два, три.
Корисниците на форумот се тие што го оддржуваат во живот. Ако нема корисници, нема да има активен форум. Што е случајот денес.
Меѓутоа не се корисниците виновни за тоа. Никој не е виновен за тоа. Луѓе доаѓаат, луѓе си одат. Можеби некои заминале поради лошата администрација (не велам дека администрацијата е лоша, туку велам дека можеби тоа било нивната причина), можеби некои заминале поради кавга со форумџија, што знам - веројатно има уште многу причини. Јас, лично (а верувам и многу други), изгубив интерес, меѓутоа не знам колку тоа е "вина". Едноставно луѓето ја немаат веќе таа способност да обрнат толку многу внимание на нешто. Голема маана, меѓутоа тоа е друга тема. Ако некогаш луѓето можеле и сакале да одвојат неколку часа дневно за да дискутираат на форуми, денес е намалено на едвај половина час. Нови луѓе, нови настани, нови обврски. Промени во животот.
Реков дека форумов не е ист каков што бил, што е факт - не е, што да правам - ме пукна носталгија. Го ценам форумов, меѓутоа ја имам и способноста да ја согледам ситуацијата објективно. Работите се менуваат, ќе продолжат да се менуваат. Се ближат летни распусти, можеби сега кога ќе имаат учениците, студентите и останатите повеќе време ќе стане форумов поактивен, можеби и нема. Никој не може да знае сигурно. И не е ништо лошо, не е ништо страшно, нема потреба веднаш одбранбено да враќаме на добронамерни коментари. Иако јас сега го направив тоа.
Сакам да кажам: ми доделија трофеј за членство над 3 години.
Edit: И се извинувам што се навратив на коментар од пред 2 недели.