Протести против полициската бруталност

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Не е тоа темава, али кога се зачнала, еве, да ви кажам вака...у курац по ред да идат, без разлика од чија страна и со која замисла е планирано!
Коски ми се тресат за оние што се моментално таму.
Од прва рака кажувам дека делува ко блиски исток. Сабајле беше пофреквентно надвор, сега е веќе пожустро и со малку народ.
Болницата и полициската станица се полни полиција...плоштадот и не баш, немаше жив полицаец таму бар до пред саат време. Сега слушам дека и таму спукале...среќа не сум завршила со рафал во тимбава.
Не знам искрено за загинати и повредени. Гласини се шират секакви и само се надевам дека ќе остане на гласини.
Еве дури пишувам, се слушаат рафали, се крева чад повремено и ми мрзне крвта од помислата дека нечиј татко, сопруг и син може да го снема за туѓ болен мозок. А и бомби гарант 2-3 имаше. Али да гледаме на светлата страна - се апелира протестите да се повлечат, јеј!!!
А и законски мора да се повлечат ако се прогласи вонредна состојба. Е не!

Купи ми мајко топ и карта за материне...
Како што пишав, има тројца загинато од тигрите, едниот е млад дечко од поновите што се примени.
Иначе јас се надевам дека ќе има многу масовни протести, веќе стоти пат го кажувам ова. Ти иначе блиску си до населбата или? Изгледа се спремале ноќва да им влезат, ама не верувам да ги најдат затоа што целта е остварена, бомбите и протестите се во втор план.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur

Сеа слушнав биле двајца од Тетово и еден од Гостивар загинатите...којзнае колку е точно.
Овде се вели дека минимум 40 имало повредени и дека сабајле некое време лежел мртов човек на улица. Имаше и гласини дека убиле семејство со дете, ама не знам...одбивам да верувам пошто и онака е доволно језиво.
Куманово рачунај дека со кола за 15ина минути може да го пројдеш од еден до друг крај, така да нема многу блиску-далеку. Јас сум во строг центар, а оттука до почеток на населбата едвај километар да има. Единствено се подалечку тие на другиот крај од градот.
Не знам зашто велат само дека се предале, кога еве уште се слуша пукање и тоа апла јако. Изгледа сеа само бомби им останале.
Едит: Еве и се дерат некои по улици, не можам да разберам што јазик е, али е далеку од готово.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

:(
Внимавај и чувај се, се надевам дека нема да трае уште долго...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Случкава во Куманово не е нешто поразлично од протестиве кое заслужува посебна тема?
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Како што пишав, има тројца загинато од тигрите, едниот е млад дечко од поновите што се примени.
Иначе јас се надевам дека ќе има многу масовни протести, веќе стоти пат го кажувам ова. Ти иначе блиску си до населбата или? Изгледа се спремале ноќва да им влезат, ама не верувам да ги најдат затоа што целта е остварена, бомбите и протестите се во втор план.
Точно, од Гостивар е младиот а двајцата се од тетовска Брвеница. Три семејства уништија заради нивните болни игри. Иначе ако се слуша дерење, толку од филмот. А Латас на сител продолжува да лаже и да го обвинува Заев.

:(
Внимавај и чувај се, се надевам дека нема да трае уште долго...
Ноќва ќе заврши, терористите мистериозно ќе исчезнат а убиените нема да се вратат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
@Electra се` што можеш да направиш е да останеш здраворазумна во ова лудо време. Можеш да смогнеш сили, јас верувам.
А оние кои го изсценираа овој настан, се надевам ќе страдаат доживотно. Народот нека им пресуди веднаш штом заврши кризата.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Точно, од Гостивар е младиот а двајцата се од тетовска Брвеница. Три семејства уништија заради нивните болни игри. Иначе ако се слуша дерење, толку од филмот. А Латас на сител продолжува да лаже и да го обвинува Заев.

Ноќва ќе заврши, терористите мистериозно ќе исчезнат а убиените нема да се вратат.

Се надевам да заврши вечерва, но ќе остане fallout, контролни пунктови по градот, психозата, страв, напнатост, гласини и сите `убавини` кои ја прават веќе неверојатно `јаката` живеачка уште појака ..............
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Altaïr

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
@Electra се` што можеш да направиш е да останеш здраворазумна во ова лудо време. Можеш да смогнеш сили, јас верувам.
А оние кои го изсценираа овој настан, се надевам ќе страдаат доживотно. Народот нека им пресуди веднаш штом заврши кризата.
Па и нема друг избор освен стискање заби. Сега си се чудам како фино и лепо си минав, а веќе имало лоши батки таму... :S
Не знам, јас сум на (по)безбедно (хоупфули) али се штрекам да не ми заѕвони телефонов пошто роднини и другари имам што сигурно се таму на терен, а да не зборам за другар(к)и што живеат во населбата...еве нокти и прсти си изедов.
Ништо чудно и кон центар да се. Знае да избие и од поблиску по некој истрел. Прееска жив цајкан немаше по центар, никој не може да ми рече дека не успеал да се протне некој навака. Фатиле и некои што се криеле во бутик тука во центарот...абе, шта да вам кажем.
Не слушајте вести. Тоа.