Темата ја отворив инспириран од зачестените посети на Скопје, иако доаѓам од вториот град по големина и население во Републикава, сепак секој што живее вон Скопје шансата за работа и успех ја гледа токму во македонската метропола.
Како Битолчанец кој искрено си го сака својот роден град, морам да признаам дека Скопје е град со многу можности за успех. Сите што останале во Битола ретко наоѓаат работа, додека тие што се Скопје не само што ќе најдат работа туку и ќе имаат и за убав живот.
НЕ ВЕЛАМ ДЕКА СОСТОЈБАТА ВО СКОПЈЕ ЦВЕТА, туку дека има повеќе шанси за успех во животот и повеќе прилики.
Скопје според пописот имал околу 500.000ж, да не се лажеме градот сега брои некаде 800.000ж Што значи добри 40% од целокупното население во РМ. Од овој прост податок доаѓам до некаков заклучок до тоа што луѓето ја бараат шансата за подобар живот и нормално финансии токму во Скопје.
И за крај, јас засега сум задоволен од животот во Битола доколку не успеам после факултет искрено би ја барал шансата во Скопје.
Темата е создадена само за живеење општо во Македонија, така да коментарите за СТРАНСТВО не се прикладни со темата.
Дали и вие би останале во својот роден град или би живееле во Скопје ?