Кој еднаш гледал островски фубал не може да се откаже од тоа
Мене Премиер Лига и Чемпионшип ми се најинтересни за гледање и следење. Постојано има борба до последно коло, динамичен фудбал, традиции, нема пимплања, нема големи плачковци... и така.
Калчо лига т.е. Јуве-лига ми е досадна првин затоа што на пола сезона се знае победникот и второ затоа што не ги можам тие пимплачи. Нема големи плачковци и таму, ама таква досадна игра по средина не е за мене.
Примера па ич не ги можам. Поарно серија А отколку ова. Лига во која ги имаш собрано најголемите дајвери кои фудбалот ги познава, плачки после секој дуел... мех. Последно да е не би гледал.
Бундес лига порано ми беше интересна. Сега не дека не е толку интересна, ама изгубив интерес да ги гледам. Имаат некоја динамика и таму, ама споредено со ПЛ баш и нема некое темпо.
Француско никогаш не сум гледал (ок, по некоја утакмица сум гледал) и не ми е нешто убав за око. Ко да гледам Чемпионшип само многу помек фудбал.