Која е најсилна лига според вас?

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,752
2,574
1,683
Han Wavel
Муабетот од Лига Европа темата ме натера да ја отворам темава.

Нема потреба од голем вовед и многу објаснување.
Зошто и која фудбалска лига е најсилна? Ваши мислења и објаснувања. :)
 

Auditore

Староседелец
4 мај 2012
284
272
663
Wherever you want me to be
Македонска, оти е најбољи фраер у маало.
Темава е „која топка е потркавалезна“.
Нема најсилна лига брат, сите си имат силни страни и слабости. Окпозз
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,738
5,270
1,183
Disco
There is only one. Since 1888 :kafe

Тешко е да се каже, постои ранг листа на УЕФА каде се сметаат резултати од ЛШ и ЕЛ во последните пет години, таму мислам шпанска е прва, ПЛ втора а бунделига трета но и тоа не е некој показател.
Што се однесува до финансии, тука се топ-5 лигите како што ги викаат (ПЛ, шпанија, бундес, италија, франција)
Меѓусебните средби исто така не се соодветен показател бидејќи ако се земат предвид ќе се дојде до бизарни заклучоци, пример имаше некој хрватски тим елиминира бундеслигаш, дали тоа значи дека хрватска лига е појака од бундес? Или дека чемпионшип е појак од ПЛ (Мидлзбро вс. М.Сити)


На крај останува на субјективниот став, се работи за производи кои се пласираат на пазарот и служат за забава на гледачите, а забавата е северно од Ла Манш :)
 
  • Like
Реакции: existence

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
Кој еднаш гледал островски фубал не може да се откаже од тоа :zelen

Мене Премиер Лига и Чемпионшип ми се најинтересни за гледање и следење. Постојано има борба до последно коло, динамичен фудбал, традиции, нема пимплања, нема големи плачковци... и така.
Калчо лига т.е. Јуве-лига ми е досадна првин затоа што на пола сезона се знае победникот и второ затоа што не ги можам тие пимплачи. Нема големи плачковци и таму, ама таква досадна игра по средина не е за мене.
Примера па ич не ги можам. Поарно серија А отколку ова. Лига во која ги имаш собрано најголемите дајвери кои фудбалот ги познава, плачки после секој дуел... мех. Последно да е не би гледал.
Бундес лига порано ми беше интересна. Сега не дека не е толку интересна, ама изгубив интерес да ги гледам. Имаат некоја динамика и таму, ама споредено со ПЛ баш и нема некое темпо.
Француско никогаш не сум гледал (ок, по некоја утакмица сум гледал) и не ми е нешто убав за око. Ко да гледам Чемпионшип само многу помек фудбал.
 
  • Like
Реакции: Outrider

red dragon

Староседелец
27 март 2013
140
129
643
31
Иако навивам за Фк Барселона,според мене најдобра лига е премиер лигата(често клубовите у крајните места на табелата ги победуат тимовите на високите места на тебелата и се игра брз фудбал). Најлоша лига Италијанската пошто многу се мести.