Во денешниот фудбал се истураат огромни пари само за да се обезбеди трансфер на играч кој ќе има клучна улога во менувањето на успехот. Како по митскиот Грал така денес фудбалски менаџери и агенти го бараат гејм чејнџерот, играчот кој ќе биде нова ѕвезда и која ќе му донесе успех и слава на поголем клуб или добра заработка за мал клуб ако го продадат понатаму (пример овој Крамариќ кој го видов во Лестер играл во некаква си Ријека лол... не дека Лестер е голем клуб но за таа Ријека е џин).
И во таа трка за играчи нормално дека ќе има и промашувања, некогаш очекувани некогаш не, огромни пари дадени за некој лик кој ќе даде два гола во сезона а се очекувало да тресе мрежи.
Икона на фудбалскиот флоп е култниот Фернандо Торес кој е скоро синином за флоп, колку е оправдано е друго, но Нандо е ѕвезда на нет-мемињата и на разговорите меѓу љубители на фудбалот.
Тука е и легендата Емил Хески кој неодамна се појави во Болтон Вондерерс, уште еден во низата клубови во кои не дава голови
Од клубовите, не сум сигурен дали Тотнем или Ливерпул се кандидати за нај-флоп трансфер клубови, оваа сезона и Манчестер Јунајтед се труди да ги достигне иако и Челзи и М.Сити си имале свои флоп-моменти.
Дилемата е дали очекувањата поради скап трансфер се виновни за перцепција на некој како флоп или едноставно ликот не го бидува без разлика дали го платиле 30 или 3 милиони (Солдадо)
Темата важи и за играчи и за менаџери.
Кои и зошто според вас се фудбалски флопови, денес или порано не е важно.