Најголеми фудбалски промашувања (flops)

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Во денешниот фудбал се истураат огромни пари само за да се обезбеди трансфер на играч кој ќе има клучна улога во менувањето на успехот. Како по митскиот Грал така денес фудбалски менаџери и агенти го бараат гејм чејнџерот, играчот кој ќе биде нова ѕвезда и која ќе му донесе успех и слава на поголем клуб или добра заработка за мал клуб ако го продадат понатаму (пример овој Крамариќ кој го видов во Лестер играл во некаква си Ријека лол... не дека Лестер е голем клуб но за таа Ријека е џин).

И во таа трка за играчи нормално дека ќе има и промашувања, некогаш очекувани некогаш не, огромни пари дадени за некој лик кој ќе даде два гола во сезона а се очекувало да тресе мрежи.

Икона на фудбалскиот флоп е култниот Фернандо Торес кој е скоро синином за флоп, колку е оправдано е друго, но Нандо е ѕвезда на нет-мемињата и на разговорите меѓу љубители на фудбалот.
Тука е и легендата Емил Хески кој неодамна се појави во Болтон Вондерерс, уште еден во низата клубови во кои не дава голови :rofl
Од клубовите, не сум сигурен дали Тотнем или Ливерпул се кандидати за нај-флоп трансфер клубови, оваа сезона и Манчестер Јунајтед се труди да ги достигне иако и Челзи и М.Сити си имале свои флоп-моменти.
Дилемата е дали очекувањата поради скап трансфер се виновни за перцепција на некој како флоп или едноставно ликот не го бидува без разлика дали го платиле 30 или 3 милиони (Солдадо) :pusi

Темата важи и за играчи и за менаџери.
Кои и зошто според вас се фудбалски флопови, денес или порано не е важно. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr and Хоуп*

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
@existence , Франсис Џеферс левел имало некој друг во Арсенал? Имаше еден Џастин Хојт ама не знам шо чоек беше :zelen
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Лордот ако го сметаме :D
Аршавин, Џеферс, Сквилачи, фамозниот Жервињо, Парк-Чу, Рејес... Си имаше и Венгер мигови кога правеше чудни и нејасни трансфери.
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Екипи4ка е и затоа не се обрнува толку внимание, но би сакал да го спомнам Солдадо.

Ливерпул со Балотели.

Тигрето во Јунајтед не се прилагоди како што се очекуваше.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Јаја Саного :D
Борини во Ливерпул е супер-флоп, за него Нандо и Хески се божанства. Не знам како е можно се уште да го форсираат (facepalm)
Кога сме кај Ливерпул, Бенитез при крајот почна да носи чудни ликови за да тоа кулминира во времето на Хоџсон (@Altaïr ) а во времето на Далглиш тоа беше Керол кој не беше толку лош колку што очекувањата поради цената беа ненормални.

Ашавин добро почна ама се повеќе што поминуваше време почна да се губи...

Јанузај?
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ламела кај кокошките, Шамак на Венгер исто му беше бисер.

Ламела одигра една убава сезона во Рома чинам и овие го дадоа Бејл па си рекоа добар пазар ќе направат. На крај Ламела заврши со вкупно 1 постигнат гол за Тотенхем.
Шамак Чамак како сакате викајте го. Вундеркинд од Мароко. 40 утакмици - 8 голови. :kafe
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ето во Интер. Одличен беше во Барса, откако отиде во таа пуста Италија толку беше од него. :)

Гудјонсен и Хлеб во Барса. Нема потреба да ги коментирам.
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Во Јунајтед оваа сезона од новите засилувања има потенцијални да бидат флопови, предвидував на Шо, но сепак Рохо ( и Тигрето) го јадат.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ето во Интер. Одличен беше во Барса, откако отиде во таа пуста Италија толку беше од него. :)

Гудјонсен и Хлеб во Барса. Нема потреба да ги коментирам.

А Рој Хоџсон како менаџер? :zelen

Мангала во М.Сити. Тој е нешто како Црниот Ловрен :rofl
Сандро еден имаше во Тотнем, еден друг бразилец во Арсенал пред две-три сезони, толку беше лош што не може човек ни името да му го запамети...
Гомеш голманот на Тотнем (facepalm) сега во чемпионшип некаде брани...