Има ли животот цена?

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Дали ако дабар направи брана е природна браната?
Со други зборови според тебе е сосема природно и во ред е тоа што децата на богатите и влијателните луѓе секогаш добиваат соодветна здравствена помош наспроти оние кои немаат, и истото го споредуваш со следново:
-дабарите кои ке изградат брана ке имаат поголеми шанси за преживување, а оние кои нема да изградат ке бидат загрозени.
До толку ли се слични овие примери?
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Утнуваш поенти до бескрај. Дали ако дабарот направи брана истата е природна и ако „да“ тогаш зошто парите кои ги направил човекот да не се природни?

Човештвото има свој начин на функционирање исто како што имаат вервериците, кенгурите, делфините итн. Тој начин вели дека за да опстанеш или оди најди си јадење или сработи нешто за да можеш да си купиш од некој друг што има вишок и го продава. Ако те фати болештина или лечи си се како знаеш или жртвувај од сработеното и плати му на некој што ќе те залечи.

Богат, влијателен и сл. добива подобар третман затоа што во природата на човекот е алчноста и желбата за моќ (да, природни се). Ако помогне на некој богат веројатноста дека ќе добие повеќе пари е поголема.

И сеа чекај малку: природна селекција? Survival of the fittest? Богатите се во предност, ништожниците се ништо. Ако се разболат Петко (богаташ) и Ставре (сиромав) од иста болештина и Петко се извлече затоа што имал повеќе пари (се снашол подобро од Ставре) дали ова значи дека природата го одбрала Петко?
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Со други зборови според тебе е сосема природно и во ред е тоа што децата на богатите и влијателните луѓе секогаш добиваат соодветна здравствена помош наспроти оние кои немаат, и истото го споредуваш со следново:
-дабарите кои ке изградат брана ке имаат поголеми шанси за преживување, а оние кои нема да изградат ке бидат загрозени.
До толку ли се слични овие примери?
Зошто ги сведуваш работите на крајности? Тоа е фанатизам и тоа е забегување.
Како што природата има две страни - кротка, нежна, прекрасна и моќна, разорна, моструозна, така и сѐ има две страни. Така и човекот има две страни, добра и лоша, убава и грда, спасител и убиец... Зборуваш за природна селекција, а забораваш дека “посилниот го уништува послабиот“ е исто аспект на таа природна селекција.
Стално вината ја префрлаш на една страна, бизнисот и профитот и парите. Ами погледни околу себе. Сѐ шо употребуваш некој го направил заради профит и бизнис и пари. Од иглата за шиење, тоалетната хартија, чашите, вилушките, шајките, чеканот, ќебињата, перниците, завесите, прозорците, книгите, струјата, интернетот..... Кога ќе одиш да живееш на село и ќе пиеш само изворска вода, сети се да оставиш зад себе сѐ што е од човек направено, оти сето тоа само му го полни џебот на некој бизнисмен.
 
Ама ти сега одиш во крајности. Јас не го обвинив целото човештво и се што е направено од човекот и не ги обвинив сите профитабилни институции. јас не ги одобрувам оние кои нечесно профитираат на сметка на нашето здравје. Се знае за што конкретно се збори на темава, си има наслов погоре и си има вовед, не ми ги развлекувајте мислењата и не ги водете во други теми. Јас многу јасно и едноставно напишав се што имав да напишам, а ако вие не сте го разбрале не се дрзнувајте одма да возвратите по секоја цена.
на овој начин забегуваме од темата, се губат поентите и незнам до кај води ситничарењето и буквалното разбирање на нештата. Некои работи едноставно не се за споредба, како што не се парите со браната на дабарот, едноставно тука ја нема поентата на муабетот, се забегува од правецот на дискусијата.

И да, ке живеам на село и ке пијам изворска вода. не сум задоволна од тоа како функционира општеството, посебно не сум задоволна од здравството и ке го напуштам тој систем,
но и вие самите пишувате колку сте незадоволни од истите, а од друга страна упорно им ги доверувате животите на истите.
Потоа излегува дека јас сум некој фанатик. Не, јас сум само искрена кон себе, едноставно си дозволувам сама да изберам и да барам подалеку од она понуденото.

Утнуваш поенти до бескрај. Дали ако дабарот направи брана истата е природна и ако „да“ тогаш зошто парите кои ги направил човекот да не се природни?

Човештвото има свој начин на функционирање исто како што имаат вервериците, кенгурите, делфините итн. Тој начин вели дека за да опстанеш или оди најди си јадење или сработи нешто за да можеш да си купиш од некој друг што има вишок и го продава. Ако те фати болештина или лечи си се како знаеш или жртвувај од сработеното и плати му на некој што ќе те залечи.

Богат, влијателен и сл. добива подобар третман затоа што во природата на човекот е алчноста и желбата за моќ (да, природни се). Ако помогне на некој богат веројатноста дека ќе добие повеќе пари е поголема.

И сеа чекај малку: природна селекција? Survival of the fittest? Богатите се во предност, ништожниците се ништо. Ако се разболат Петко (богаташ) и Ставре (сиромав) од иста болештина и Петко се извлече затоа што имал повеќе пари (се снашол подобро од Ставре) дали ова значи дека природата го одбрала Петко?
Ова кажи им го на родителите на детенцето кое почина.
 
Последна промена од модератор:

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
И да, ке живеам на село и ке пијам изворска вода. не сум задоволна од тоа како функционира општеството, посебно не сум задоволна од здравството и ке го напуштам тој систем,
Не, јас сум само искрена кон себе, едноставно си дозволувам сама да изберам и да барам подалеку од она понуденото.
Оди мало, што чекаш? Зошто користиш интернет кога од интернетот некој нечесно профитира? Зошто користиш пари? Ти не си воопшто искрена туку само одбираш да восприемаш тоа што ти одговара на начин на кој тебе ти одговара, а тоа води многу далеку од суштината.
Општеството довело до тоа што го гледаш околу тебе. Ако не ти се свиѓа откажи се од државјанство и идентитет и појди во некоја шума и одбивај било каков производ направен поради профит. Ама да бидеш до крај искрена и да одбиваш дури и профит направен во стока наместо девизи. Тогаш може да прајме муабет, до тогаш твоето е за мене само напразно млатење слама.

Ова кажи им го на родителите на детенцето кое почина.
Важи, еве тргнав.
Тоа што девојчето почина е и твоја одговорност и моја и на сите кои што припаѓаат на државава. Ти, јас, Петко, Трајко и сите други сме одговорни затоа што никој досега не кренал глас против користењето на средствата на фондот за здравство како и за тоа кој седи како Министер за здравство. Тоа што девојчето почина и се крена џева збори за тоа дека не починало за џабе и ете уште денес одобрени се средства за друга операција. Ама твојата селективност не ги гледа оние работи кои се случуваат и не одат во корист на твоите размисли и ставови.
 
Кога си искрен не заземаш веке постоечка страна, туку одбираш што ти се допаѓа и што ти треба, а отфлаш се што не ти е потребно, не ти користи и ти штети. Кога си искрен не завземаш страна, едноставно си го наоѓаш своето место и секогаш си флексибилен во ставовите. Дали јас ке се откажам од своето име, државјанство и сл. зависи од тоа дали ке почувствувам потреба, а мислењето на другите (вклучувајки те и тебе) не ми е најмалку битно. Нека биде тоа млатење слама и се останато тоа нема никаква врска со проблемите за кои дебатираме тука и сега.

Која моја селективност? Тоа што практикувам и зборувам за начин на живот поинаков од вообичаениот не ме прави селективна кон останатото и различното, напротив, но ти не си во состојба да ме разбереш бидејки веднаш почнуваш да гледаш со предрасуди, не си дозволуваш да размислиш ни за миг дали дел од она што го зборувам може да биде барем малку вистинито. Уште од самиот старт на дискусијава ти се поставуваш на спротивната страна без разлика на тоа што јас тврдам и редовно не ми ги разбираш поентите, па уште се дрзнуваш да зборуваш за мојата искреност.
Точно е дека сите сносиме одговорност, но тогаш со каква цел ми контрираш цело време кога уште на почетокот го истакнав тоа, во првото мое мислење на оваа тема. Народот дигна галама и најискрено посакувам девојчево што моментално чека да се спаси, но зарем мораше едно да биде жртвувано? Што ако народот кренал глас сега, утре пак истото ке се случи, а знаеш зошто? Затоа што им се може, а само ние им го даваме тоа право. Повторно ке кажам, никој не ни е крив бидејки ние самите им ги доверуваме животите на нестручни лица, на лекари кои се на таа позиција заради поголема плата и ништо повеќе.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
непознат извор напиша:
А да, и да додадам за лугето со аномалии и генетски болести... Можеби ова што ке го кажам звучи сурово, но сметам дека подобро е да умре послабиот како резултат на природната селекција, одколку да умираме сите затоа што некој си осмислил добар бизнис
:svirka

Ти ја отфрлаш медицината како продукт на општеството и велиш дека не чини. Зошто бараш тогаш медицината да спасува животи кога тоа „не е природно“?

(извини стварно, не знам како се дрзнав....:ladno)
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Докторите кои се на тие позиции се таму зашто се школувале за тоа, а платите верувај не им се ништо поголеми на оние кои се професори или не знам што.
А мене ме буни, зошто истите тие доктори се ефективни и стручни за оние со полн џеб, а не се за обичниот сиромав граѓанин?
Најмногу го окривувам Фондот и никој друг. Ако тој не може да одреди на кои случаеви треба да им се одобри и кои имаат приоритет тогаш не знам кој би можел да го направи тоа...
А сигурна сум дека ако Боркица скрши нога одма ќе и’ одобрат да се оперира во Америка (на пример).
Значи?!
Фондот како и секоја државна владина институција сака да зема пари, ама има змија во џебот кога треба да се дадат и тоа на оној кој најмногу му треба, на кој животот му зависи од тие пари...
Не се тие неспособни, способни се...Само се нереални, нехумани, со изместени цели...
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: alba, Saladin and malo

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
:svirka

Ти ја отфрлаш медицината како продукт на општеството и велиш дека не чини. Зошто бараш тогаш медицината да спасува животи кога тоа „не е природно“?

(извини стварно, не знам како се дрзнав....:ladno)
Медицината ја отфрлам поради системот кој управува со неа, а затоа што таа не чини. Иако сум повеќе за алтернативните методи за лекување тоа не значи дека ја подценувам современата медицина.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Мало, се изналупа се` и сешто и на крај ни ти не знаеш што сакаш да напишеш. Соземи се, среди си ги мислите и кажи што сакаш да кажеш. Вака читам од тебе повраќаница од зборови и колку и да се трудам да најдам крај, не можам затоа што се губиш со мислењава.
Еднаш медицината чини општеството не чини, друг пат медицината е крива што умираат луѓе, трет пат луѓето требало да умираат во име на природна селекција, после па медицината била природно заслужен третман...