Има ли животот цена?

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
На голема жалост,вредноста на животот опаѓа,не сме сите луѓе на ист кантар ставени....колку е здравството криво толку и судството игра важна улога за " цената на животот".
Ниту е здравството криво, ниту судството, ниту државата, ниту господ... Ние сме си криви.
На никој не му е гајле за нас и за нашите деца. Тие луѓе не се на тие функции од алтруистички причини, туку од причина што сакале да бидат нешто големо по професија, да земаат поголема плата. Кој денес се запишува на медицина или на правен за да им помага на луѓето?
Ние сме криви што им веруваме, што им даваме право тие да управуваат со нашите животи, што им доверуваме нешто толку вредно како нашето здравје и здравјето на нашите деца.
Цел живот одев по лекари за најразлични проблеми и на крај завршив со уште толку како последица од земањето лекарства. До сега одев само на проверки, ама од сега ни на тие не одам, нити пак давам денар за лек или било што поврзано со здравството.
Јас не можам да разберам зошто тие операции чинат толку. Што материјал се троши при таа операција па да мора толку да се плати? Со златни скалпели ли сечат, свилени чаршави ли користат... Мислам дека тие цени се крајно нереални, но слабоста на обичниот граѓанин сегогаш се искористува и тоа до максимални граници.
Чувајте си го здравјето луѓе. бидете среќни, заљубени, избегавајте стрес, јадете здраво, живејте без страв. Ако вие не си го цените здравјето, никој друг нема да го цени наместо вас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Licno taa and JaMi

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба

Се согласувам дека самите сносиме одговорност за нашето здравје,но што е со децата што се раѓаат со аномалии,што е со луѓето со генетски болести и што правиме со храната која не е веќе здрава?Треба да се преселиме на село и да оброботуваме земја,да произведуваме храна и да дишеме чист воздух за да го сочуваме здравјето...
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Се согласувам дека самите сносиме одговорност за нашето здравје,но што е со децата што се раѓаат со аномалии,што е со луѓето со генетски болести и што правиме со храната која не е веќе здрава?Треба да се преселиме на село и да оброботуваме земја,да произведуваме храна и да дишеме чист воздух за да го сочуваме здравјето...
Нема ништо лошо во тоа да се преселиме на село. Ке речете дека не можеме сите да го направиме тоа, но јас не се согласувам. Еден ден човештвото ке разбере дека статусот во општеството не е воопшто потребна и битна работа, но за жал може да биде прекасно. Ние денес сме преокупирани со нашата професија и образование, а сите знаеме дека се запишуваме на факултети за работни места на кои би земале поголеми плати и сите знаеме дека со знаење не се зема диплома и сите знаеме колку учиме од таму, а колку од секојдневниот живот. Денес сме преокупирани со мода и трендови и најмногу пари трошиме на тоа, а сите знаеме дека сето тоа е непотребно, јас ке речам дека е дури и дебилно, крајно глупаво... животите да си ги посветуваме на она што ке речат другите за нас и како изгледаме.
Ако ни се случи војна или некоја природна катастрофа, тогаш дипломата, епитетот, статусот, модата и парите нема да ни помогнат.
Ние денес не знаеме како да одгледаме растение, не знаеме како да насадиме домат. Ние денес не знаеме сами да изградиме куќа, а нашите баби и дедовци со свои раце ги граделе своите домови. Ние денес не сме способни сами да се грижиме за едно маче или за хрчак, а камо ли па да сме приморани да одгледуваме добиток. Ако нешто во овој живот има вредност тоа е умеењето да се преживее. Џабе ни е и градот и се во него денес. Сето она што тој модерен свет ни го нуди е голема закана за нашето здравје, за нашите способности, за нашиот живот, за нашата креативност и интелегенција.
Јас искрено се надевам дека во следните неколку години ке бидам во можност да се преселам некаде близу некое село, малку подалеку од цивилизација и што е можно поблиску до некоја шума. Би го јадела само она што сама ке го произведам, би пиела чиста изворска вода, би дишела чист планински воздух и не би имала никаков стрес. Би се посветила на уметност, на креирање, на создавање. Би се посветила на својот живот, ама во вистинската смисла и би била надвор од сите игри.
Тоа ни е општеството денес, една обична игра, многу слична на игрите кои ги играме на компјутер, само што за зал не сме ние тие кои управуваат со сопствениот лик, ние сме оние управуваните, ние сме статистика, ние сме бројки, ние сме графикони и затоа на никого не му е вреден нашиот живот.
Еден број плус или минус никого не го засега, битно е да се искачуваме сите заедно на ранг листите и да бидеме пофалени за истото.
Ете толку вреди нашиот живот, исто колку и животите на анимираните човечиња во компјутерските игри, но затоа постигнатиот скор е далеку побитен, за тоа и всушност е создадена самата игра. Зарем не ја чувствувате сличноста?

А да, и да додадам за лугето со аномалии и генетски болести... Можеби ова што ке го кажам звучи сурово, но сметам дека подобро е да умре послабиот како резултат на природната селекција, одколку да умираме сите затоа што некој си осмислил добар бизнис, затоа што сме го довериле здравјето на некој неспособен а има диплома, затоа што немаме доволно средства за да го платиме она што природно ни следува или затоа што имаме нездрави навики за да бидеме во тренд или едноставно имаме нездрави навики затоа што мислиме дека така треба.
 
Последна промена:

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
А да, и да додадам за лугето со аномалии и генетски болести... Можеби ова што ке го кажам звучи сурово, но сметам дека подобро е да умре послабиот како резултат на природната селекција, одколку да умираме сите затоа што некој си осмислил добар бизнис, затоа што сме го довериле здравјето на некој неспособен а има диплома, затоа што немаме доволно средства за да го платиме она што природно ни следува или затоа што имаме нездрави навики за да бидеме во тренд или едноставно имаме нездрави навики затоа што мислиме дека така треба.
Шо зборуваш мало, аман од фанатички забегувања.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: alba and existence

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Шо зборуваш мало, аман од фанатички забегувања.
Не е фанатичко забегување, едноставно ме боли фактот дека еден човек одредува дали друг има право да живее или не. Ако некој го има тоа право и да одредува кој треба да живее а кој не, тогаш тоа е природата.
Ниту еден човек не е поголем по значење од било кој друг, ниту пак човекот е поголем по значење од било кое друго суштество.
Сите ние сме различни и сме со различни способности. Ако некој ја има таа способност да им помага и да ги лечи лугето нека го прави тоа со таа цел, а не ради пари. Не велам да биде бесплатно, но да биде реално и да биде секому достапно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Licno taa

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Ниту еден човек не е поголем по значење од било кој друг, ниту пак човекот е поголем по значење од било кое друго суштество.
А да, и да додадам за лугето со аномалии и генетски болести... Можеби ова што ке го кажам звучи сурово, но сметам дека подобро е да умре послабиот како резултат на природната селекција, одколку да умираме сите затоа што некој си осмислил добар бизнис,
malo,..!?!? :(
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Да токму така, не е контрадикторно колку и да се чини како такво. Сите ние имаме различна способност за преживување и таа способност ни ја одредила природата (бог, гените како сакаш). Доколку една единка не успее да се избори поради својата сопствена слабост е сосема природно, тогаш тоа не значи дека истата има помало значење или воопшто го нема. Тогаш тоа не значи дека не треба да и се помогне и да се остави да умре, туку дека едноставно се исцрпиле сите можности и дека не сме имале толкава моќ за да го сочуваме тој живот. Салбоста надвладеала над сите наши способности и знаења.
Додека не е исто кога човек одлучува кој ке умре а кој ке преживее, а се знае и на каков начин се донесуваа таа одлука, според кои критериуми и како се спроведува.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
П: Дали човекот е дел од природата?
О: Да.
П: Дали тоа значи дека човекот може да учествува во природната селекција?
О: __

(хинт: Почнува на Д, завршува на А)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: alba and Outrider

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
П: Дали човекот е дел од природата?
О: Да.
П: Дали тоа значи дека човекот може да учествува во природната селекција?
О: __

(хинт: Почнува на Д, завршува на А)
Дали парите се дел од природата?
Дали тоа значи дека парите можат да учествуваат во природната селекција?