Што му недостасува на форумов?

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Мислам дека толку многу нема врска колку членови има, туку духот. Како може да има дискусија, ако (старите)членови(те) ги бркаат новите членови со коментари кои само се напишани за сеир?
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Мислам дека толку многу нема врска колку членови има, туку духот. Како може да има дискусија, ако (старите)членови(те) ги бркаат новите членови со коментари кои само се напишани за сеир?
На пример?
Би било добро да напишеш на што точно мислиш.
Интересен Feedback.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel

Чудно, тебе никој не ти напишал нешто за сеир.
Тие што пишуваат прво глупости заслужуваат сеир.

Иначе на форумов му фали некој како мене. :)
 
Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
На пример?
Би било добро да напишеш на што точно мислиш.
Интересен Feedback.
Па и не можам да најдам пример во моментов, ама, ајде вака да се изразам: се чувстува сеирот "во воздухот" кога се читаат тие коментари/ feedback- ци.
Ама изгледа грешно се изразив. Требаше да напишам: сарказам; мислам дека во преголема мера се употребува, а кога нешто го има премногу, тогаш има негативни последици, во случајот се намалува дискусијата и активноста на форумот.
Не велам дека не треба да има сеир и сарказам, бидејќи не може и не треба сè да биде сериозно, сепак, помалку- повеќе, луѓето овде се дојдени за забава.
А, кога ќе се внимава што се пишува, духот сам ќе си дојде.
Чудно, тебе никој не ти напишал нешто за сеир.
Тие што пишуваат прво глупости заслужуваат сеир.

Иначе на форумов му фали некој како мене. :)
Ако нешто некој/а посочува кон нешто, не значи дека истото тој/ таа го искусил.
Ако некој заслужува сеир, тогаш тоа не треба да биде во темата каде што се дискутира нешто, си има посебни теми, каде можеш да го искажеш твојот "револт". Е, сега, ако на некого сакаш да му "маваш" сеир, а сакаш тоа да го сториш во таа тема каде се дискутира тоа што се дискутира, тогаш тоа стори го на начин на кој другите нема да почувствуваат, а сепак целта ќе ја постигнеш. На таквите им симнувам капа.
А, за тоа дека треба некој како тебе, па, можеби и ни треба, ама дотогаш те имаме тебе.;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Иначе на форумов му фали некој како мене. :)
за ова се согласувам со тебе
на форумов му фалат комуникативни членови со кои може да се развие дискусија
не има доста активни членови на форумов но девеесет проценти како да се срамат да влезат во дискусија и да го кажат мислењето
ново отворена тема има двеста прегледи и две мислења
ако бар дваесет члена се впуштат во дискусијата така ќе привлечат и други
секој подмрчува дека нешто на форумов му фали и дека не е активен, епа каков сакате да е кога не учествувате во неговата активност
членовите го прават форумот да е форум тој не се прави сам од себе
 
Кои 20 члена кога толку има онлајн, немаат сите познавање од сите теми, ретки се тие. Може и со 5 члена да се активираат темите не мора 20.
Од тие 20 што се онлајн, 15 се дојдени да си кажат со што се прободени, и да си поиграат тетрис и змија. :)
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Сметам дека на форумов му недостасува малку лежерност, опуштеност...
Најмногу ме нервира кога некој ќе ми укаже дека сум офтопик и после не ми се дискутира ич...
На темите за љубов не може конкретно да се ограничиш...за врска на далечина, за развод, за не знам што , треба да се внимава да биде запазен контекстот да не се забега премногу, ама и не треба многу да се ограничува, зашто со тоа се гаси дискусијата...ако јас на темата за врска на далечина, коментирам за неверство, не сум далеку воопшто...сепак и тоа е дел од една врска, не е дека коментирам како се пресадува рузмарин, на пример :zelen
 
Така е. И јас истото го мислам а мене секогаш ми ги пријавуваат мислењата заради офтопик, не научиле што е офтопик изгледа па ќе ми глумат тука (ова за тие што ме пријавуваат).
 
BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Сметам дека на форумов му недостасува малку лежерност, опуштеност...
Најмногу ме нервира кога некој ќе ми укаже дека сум офтопик и после не ми се дискутира ич...
На темите за љубов не може конкретно да се ограничиш...за врска на далечина, за развод, за не знам што , треба да се внимава да биде запазен контекстот да не се забега премногу, ама и не треба многу да се ограничува, зашто со тоа се гаси дискусијата...ако јас на темата за врска на далечина, коментирам за неверство, не сум далеку воопшто...сепак и тоа е дел од една врска, не е дека коментирам како се пресадува рузмарин, на пример :zelen
Воопшто не е офтопик ако кометираш за неверство, сепак пишува кој како се справува и шо мисли за темата, е дел од мислењето.