Светско првенство во ракомет - Катар 2015

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Катастрофа..ќе ми игра со втора трета постава за греф (мада 95% од Македонското население размилува како онај обрван) ГРЕФЧИЊА 2+ СО ИРАН е исто ко Барса да губи од Прибилци со 10-0. чао пријатно
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Сите ги потценивме Иранците и на крај ќе не треснеа јако од земја. Добро беше што играше и втората постава ама требаше да се почне како со Тунис, прво со првата па да направеа солидна разлика и после втората да ја завршеше работата. Вака се мачеа уште од почеток па мораше да не спасуваат Кире и Миркуловски. Иначе Недановски ме изненади позитивно, добра одлука што Ојлески остана во дома. А Престапот нека оди да научи ракомет па нека биде репрезентативец а не да ми се бутка заради брат му. Ми влегува во голман таму, во контра е тапа му ебаам ушите.
Добра утакмица задоволен сум, требаше да победиме повеќе ама тоа е. Сега со сета сила по Босна во понеделник и после со дупло повеќе по Австрија и Хрватска.
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Абе нашиот тренер ни е стварно забеган. Убаво што ми беше тактиката да ги одмара Кире, Мојсовски и Миркуловски, и настапи со втора постава, арно ама тие треба да се уиграни заедно! Не да експериментира на Светско првенство како ќе им оди, бог да чува, значи добра беше тактиката, ама требало во подготовките повеќе да обрнат внимание на тоа и да се уиграат заедно повеќе време, на Светско пак ќе кажам не се експериментира.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy and Altaïr

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
вчерашната утакмица беше добра задоволен сум
иран ме изненадија со тоа како играа добар противник беа. очекував дека ќе победиме со поголема разлика но и ова не е за потценување
кире заслужно беше награден но добро играше и миркуловски тие ја спасуваат ситуацијата
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Абе нашиот тренер ни е стварно забеган. Убаво што ми беше тактиката да ги одмара Кире, Мојсовски и Миркуловски, и настапи со втора постава, арно ама тие треба да се уиграни заедно! Не да експериментира на Светско првенство како ќе им оди, бог да чува, значи добра беше тактиката, ама требало во подготовките повеќе да обрнат внимание на тоа и да се уиграат заедно повеќе време, на Светско пак ќе кажам не се експериментира.
Дури и науиграни пак се држеа добро, реално падот се случи заради првиот тим кој игра во одбрана, пред се Марковски. Ептен е изгубен, како да не е тука. Не дека се изморија многу од првиот тим во напад, Кире 20 и нешто минути играл, ама можеше да се игра цел меч со втор тим. Прибак супер беше требаше цела да ја игра.
Вчера Хрватите ги гледав, се измачија поштено, по 50-60 минути им играа главните играчи. Со нив ако запнеме можеме да ги добиеме.
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
вчерашната утакмица беше добра задоволен сум
иран ме изненадија со тоа како играа добар противник беа. очекував дека ќе победиме со поголема разлика но и ова не е за потценување
кире заслужно беше награден но добро играше и миркуловски тие ја спасуваат ситуацијата

Зошто секогаш се изненадуваме од противникот? Кој стигнал на Европско или Светско нема лесен противник. Искрено Иранците се тиња, немаа никаква тактика освен што бековите им беа шутерски расположени и не знаеме со два бека да се справиме, да им излегуваат двајца на девет метри? А богами и ние игравме без никаква тактика, утакмицата беше ко во мало да играме, толку многу голови паднаа се шутираше и играше на сила цела утакмица. Среќа контрите не спасија. И самите ракометари го знаат дека на ништо не личеше вчера, но веќе е касно, веќе Светското е почнато, треба унапред да сме спремни за се, јас ја барам вината во тренерите, играчите се супер, но треба да знае некој како да ги совпадне сите да бидат едно.
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Второто коло од Светското превенство во Катар е комплетирано.
Група А:
Белорусија 29-34 Словенија
Чиле 20-27 Катар
Бразил 27-29 Шпанија
Очекувани победи на фаворитите. Шпанија извојува многу тесна победа против Бразил.
Група Б:
Тунис 25-28 Хрватска
Австрија 23-21 БиХ
Иран 31-33 Македонија
Очекувани, но тесни победи на фворитите во оваа група.
Група Ц:
Исланд 32-24 Алжир
На почетокот Алжир имал водство, за потоа Исланд да ја преземе контролата врз натпреварот.
Египет 24-28 Франција
Чешка 22-36 Шведска
Неочекувано висока победа на Шведска. Чесите без Јиха ништо не прават.
Група Д:
Аргенина 23-24 Полска
Аргентина дефинитивно покажува дека не е попусто на првенството. Доказ се нерешениот исход со Данска и минималниот пораз од Полска.
С. Арабија 18-38 Данска
Данска одлично се рехабилитира од киксот против Аргентина со победа над немоќната С. Арабија со победа од феноменални 20 гола разлика.
Германија 27-26 Русија
Во дербито на колото, Германија извојува минимална победа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Франција и Полска како се мачеа леле. Пољаците ако продолжат така нема што да бараат со посериозни репрезентации.
Германците одиграа одлично, Русите имаа шанса за победа и тоа голема шанса ама тоа ти е кога немаш паметен тренер. Пропуштија многу Русите, а Германците искористија и казнија. Во второ полувреме влегоа многу јако и знаев дека ќе победат.

Ние утре одиме на победа нормално, ама дали ќе победиме прашање е. Мој тип, +3 за нас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ditto+Maker

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Русите ко што прочитав негде пропуштиле не поради тренерот туку поради Атман кој направил лошо додавање. А Полска сигурно влегува понатаму, дали како четврта или како трета ќе видиме. Криво ми е што не ги клецнаа Немциве во првата, чунки против нив се пласираа на првенТството како што пишал Алтер его. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr