- 17 февруари 2012
- 5,085
- 7,019
- 1,683
Не знам дали е до синусите, но веќе 2 дена ме "голицка" носот и поради тоа, постојано ми доаѓа да кивнам. Се почна со грлото пред недела дена, не ме болеше ниту пак кашлав, но постојано имав чувство како да ме голицка и гребе. Се препив чаеви (како и секогаш), конзумирав Fervex и Strepsils, зголемив внесување на витамини, како преку апчиња, така и преку внесување на поголема количина на овошје. Вчера и денес речиси и да немам никаков проблем со грлото, но затоа пак сега имам со носот. Кивам преку 20 пати на ден, а добивам нагон за кивање на секои 2-3 минути. Се убив од дување на носот, мислам дека очите ќе ми испаднат. Си направив комбинација од вода со сол и бикарбона за прочистување на носот и помага моментално само.
Има некој идеја како можам да го средам проблемов? Ај што веќе ми е преку глава од ова, него не можам на работа да бидам целата разлигавена и вцрвенета... Не се осеќам физички лошо, не сум настината, едноставно ме мачи "голицкањето" и преголемата секреција на носот.