По што ќе ја паметам годинава која привршува како и моите планови за следната

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Многу малку позитивни ствари, смрт на блиска особа, губење на неколку луѓе, пријатели и роџаци кои ги исклучив од периметарот поради нивна партиско-политичка активација и сега гледам дека ништо не сум загубил со тоа, баш напротив, ако на тоа се додаде и враќањето на симптомите на болештината за која по петти пат во последниве четири години мислев дека се конечно минато - нема многу причини за задоволство. Со тоа и пропаднаа неколку одлични можности за емиграција и сите планови мораа да се стават на стенд бај и тоа баш кога целта беше толку блиску. Како маратонец кој изгубил сила во последен круг :(:(
On the brighter side...not much to report, kept the sanity and the spirit high in a situation that defeated many. That`s alright i guess...:kafe

Gonna change my name to Boomerang, because i always come back.(inlove)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Altaïr

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Се вратив на факултет паралелно со работата
Започнав втора работа истовремено што ме прави мултитаскинг
Исчистив простор од лажни пријатели
Свадба на брат ми
Среќна во љубовта
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Запознав нови пријатели дури и од други градови
увидев кои од соучениците ми биле ,,другари''
добив дури две петки на екстерното
фатив стомачен вирус у сред лето
за прв пат станав дел од форум и при тоа станав модератор на истиот
го вратив во живот ЦБ весникот
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Годинава ќе ја паметам најмногу по тоа што позитивните работи ми се бројат на прсти, но мислам дека колку повеќе нешта изгубив, толку повеќе добив. Секогаш си зборев на самата себе дека секое лошо за добро е, и вистина.
Прва работа што ми се случи веднаш после пристигнувањето на 2014 беше прекинот на долгогодишната врска. Нели, имаше период кога имав несоници, некоја врста на апатија и индиферентност ама што не поминало. :zelen
После тоа следеа низа досадни периоди, нови познанства, изгубени пријателства заради недоразбирања, потврдување на она дека луѓето воопшто не се такви ко што изгледаат... Ама тоа е животот. Зарем нема да е монотоно ако ни се случуваат само убави работи. :)
Убавите работи воглавно беа некои мали нешта, но дефинитивно ме направија среќна. Ако почнам да ги набројувам малите работи, ќе излезе дека сум собрала три години случки во една.
Се надевам дека годинава што доаѓа ќе ми биде исполнета со убави нешта, такви ситни, мали...
Дека ќе сфатам зошто луѓето незнаат да се извинат кога ќе згрешат.
Дека ќе дознаам дали сите зборови кои ме повредиле, биле во афект или не. И дека конечно ќе можам да ги заборавам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and Auditore

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Не знам што повеќе тежи добриве или лошиве спомени. Не знам ни од кај да почнам некако целава година ми беше каша попара иако за нијанса беше подобра од предходната.
Не би филозофирала многу само во неколку црти би ги спомнала така најбитните работи.
- Малерот што не биеше фамилијарно последните неколку години почна да се губи малку по малку.
- Ради мое невнимание си дозволив да ме искористат ама ако така ми треба кога немам памет.
- Сеуште се мачам со депресијава и мислам дека додека сум жива ќе се мачам
- Направив нешто што од една страна влијаеше позитивно за предходнава точка но е неприфатливо за мене. Се надевам дека нема да се повтори.
- Имав до сега најлош одмор ако може и така да се нарече, просто полошо не можеше да биде.
- Претрпев премногу за мене болни работи.
- И се научив да возам кола, иако кочам ко будала и ми гаси на секоја раскрсница ама битно држам правец :D
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Јас годинава ќе ја памтам по тоа што фатив 3 ливчиња во кладилница. Цела година чекав на ова, моментално сум многу радосен зашто знам дека следната година ќе фатам повеќе. Тој што ќе ви рече дека нема живот од кладилница ве лаже. :)
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Годинава ќе ја паметам по тоа што:
- се зачленив на форум( по прв пат);
- се воведе градски превоз во мојот роден град:wavespin( не дека е нешто многу лично) и плус не им е бесплатно на пензионерите, па затоа нема турканици, ве жалам вас кои сте во Скопје и сте принудени да го користите;
- собата во куќата која ни "глумеше" магацин конечно ја исчистивме и средивме;
- прочитав доста книги(48);
- бев полуматурант;
- се запишав во Гимназија;
- освоив прво место на државен и второ на интернационален натпревар и
- поминаа скоро 4 години од смртта на татко ми:place.
А за следната:
- да прочитам над 50 книги;
- ако е можно да напишам нешто;
- сакам да научам поубаво да зборувам источномакедонски( препорачливо е струмички) и
- да престанам да бидам токлу трапав:zelen.
И тоа е тоа;)
 
Последна промена: