Сите плукаме и се грозиме ако некој прави нешто неприродно (маж си става цицки, или си менува орган-а со тоа нели си ги сечи оние што ги има) ама ова ние демек најнормално.
Е не е нормално, зашто е против природата на мачките, против нивната нарав.
Не се сложувам со идејата за кастрација на мачорите и тоа за нивно “добро“.
За чие добро? На стопанот да...
Мачките се лесно адаптибилни животни па затоа можат да живеат и преживеат надвор сами (како предатори), без некој да им сервира оброк, без да им чепка некој болви и слично, а можат и да живеат во домашни услови (како паразити) со сервиран оброк, таблета за глисти, ремче за болви итн.
Некој погоре спомна дека човекот ги приспособува животните кон него, а не се приспособува човекот кон животното. Да, ама животните од кои има некоја полза...млеко, јајца сеедно..а мачката? Кој е бенефитот од мачката? Што имаш ти од тоа што ќе ја раниш и чуваш од зарази?
Значи мачката се чува од крајно себични причини...да има со кого да се галнеш кога ти се сака, ама притоа ТИ да не се заразиш со некоја болест која би ти ја пренесле болвите или крлежите...значи како сакаш сврти сепак се’ се врти околу желбите на стопанот...а тоа не е чување згрижување на мачор, тоа е изживување...
Што би било следно...ќе си купам тигар, ќе му сецнам мудата и дома син ми ќе има гооолемо кротко маче...исто како неговата омилена играчка...ах колку сме фенси...
По муабетот како да тврдиш дека треба сите инстант кесички со болви да набавиме и да им даваме болви на мачките.
Убав муабет кажа дека по природен пат сето тоа го има,ама по природен пат и се отстранува. Во природа мачките знаат да јадат одредени растенија што им служат како хербален антихлемтик (за прочистување од внатрешни паразити) самиот инстикт ги води за истото и сами на себе си се доктори. Исто така,тркалањето во земја кога ќе се наполни по цело крзно мачката со земја е еден вид на заштита од болвите.Како ремчето против болви што функционира,имаше документарка за мачките и општо дивите животни лежат покрај некои растенија што баш на болвите им смета истото растенија дали со мирисот или пак испуштас некоја материја што ги тера да го напуштат домаќинот или умираат.
Значи ова е пример за природен пат. Доместифицираните мачки што ги чуваме по дома имаат половина изгубен природен инстикт како тие чувани во природа.Мачка чувана во природно место еве некое село на пример,има многу појак имунитет од тие што живеат во град. Дури и не се хранат со отпад по канти и слично,баш природна исхрана има со лов од инсекти па до птици.Ако ја чуваш во град многу помали се шансите дека ќе има контакт со растенија што ќе ги најди ако живее во природа. Не го сфаќајте кастрирањето како унакажување пред се од рационални причини треба да се види која е поентата,а пред се тоа е неконтролираното размножување.Има многу сопственици кои чуваат мачки во пар,али секоја година по 6 мачиња и веќе доаѓа период кога не може да ги вдоми сите и настанува преголема бројка и се одлучува или на КАСТРИРАЊЕ или подврзување на матката кај женската единка,со што повторно имаат односи али неплодни.Ова му доаѓа како користење презерватив.Точно е дека машкоста се губи кај мачорите али кастрирањето се случува или на помала возраст или откако неколку пати бил парен мачорот па нема услови веќе да се носи на парење па се кастрира.