Јас да се надоврзам за Фајт Клаб.
За прв пат го гледав дури пред некои 3-4 години, а тогаш веќе имав набилдано кондиција со филмови кај што некој лик е штракич/умрен/невидлив итн., па после сцените каде само еден може да биде во кадар со Марла и одговорите со „Фак ју“ каде тоооолку очајно се обидуваа Тајлер/Нараторот да не добие конкретен одговор на прашањата кои би ја откриле приказната, нема теоретски шанси човек да не се посомнева што ќе е пресвртот.
Може бил бум на својата ера пред 15ина години, ама во денешно време се влече на стара слава.
Факт е дека многу „вкусови“ се базирани на генералната критика и оценките по интернет. Затоа повеќе би ценела некој лимонатки што си гледа, ама бар навистина му се по ќеф, отколку некој што се издига од земја за „јака класика“, а ни пола не ја сфатил...или го возвишува филмот баш дека не го сфатил, па автоматски со тоа мора да значи дека е филмот јак.

Такоџе истото следи и за оние што секој блокбастер или попознат филм го плукаат и се чукаат во гради дека они гледаат многу појаки филмови кои се направени со буџет од три долари. Сѐ тоа арно, сепак вкусови нели, ама она пренагласување на сопствената филмска/музичка/литературна софистицираност, не можам да не го сфатам ко вештачки и очаен крик за "Worship me, I'm special".
Имам пишано, преценет ми е Requiem for a Dream, исто и Million Dollar Baby, Pulp Fiction (ок, за ова повеќето се сложуваат), Shutter Island/The Great Gatsby/Читаник/било што со Лео, иако е феноменален актер, а сум се смеела до солзи на, рецимо, The Green Hornet - пропалицата на филмчиња од стрипови.
Имам ли лош вкус според масата? Можеби.
Гајле ли ми е и ќе престане ли да ми се допаѓа што ми се допаѓа? Воопшто.