Еднаш со баба ми бевме на гробишта, доаѓаше некој голем празник, па баба ми сакаше да зачисти нема везе сакам да кажам немаше никој, бевме само ние и една комшивка на баба ми со нас. Баба ми и комшивкава заминаа да наполнат вода, а јас седнав на клупата карши еден непознат гроб. На клупата имаше кесе со клучеви, пари и мобилен. Пари некаде околу 700-800. Да беше друго место ќе си ги земев парите и мобилниот навистина ете не сум толку чесна ама дека гробишта ме фати некој немир и го зедов мобилниот и свртив на првиот број што го видов. Ми се јави некоја жена, и објаснив каде ги најдов работите и рече бр е на некоја нејзина пријателка, да чекам кај што сум ќе го пратела син и. Фала ти многу, Бог нека те благослави бла бла и ок си чекам јас.
Доаѓаат баба ми и им кажувам и реакцијата на комшивкава: Абе мое е тоа, леле отиде кредитот
Тука чесноста ми се исплати, замисли што ќе беше да си ги ставев во џеб работите. Ништо ќе одеа за душа.
Доаѓаат баба ми и им кажувам и реакцијата на комшивкава: Абе мое е тоа, леле отиде кредитот
Тука чесноста ми се исплати, замисли што ќе беше да си ги ставев во џеб работите. Ништо ќе одеа за душа.