Патувањето со автобус денес ќе е отежнато поради зголемен број на живи мртовци, пензиите се исплатиле. Исто така и во текот на утрешниот ден околу 12 часот до 16 часот се очекува силен бран на зомбиња кои се нарекуваат пензионери. Не се препорачува патување во овој дел од денот.
Инспирирана од постов,во кој не случајно го тргнав името на членот,од причина што не е ни прв а верувам ни последен со вакви изрази да се служи кон постарите лица.(значи ништо лично)
Знам дека има теми околу пензионерите и сообраќајот но оваа сакам да биде општа тема за нив.
Свесни ли сме дека од нив сме ние создадени?
Зарем не размислуваме дека и ние еден ден ќе дојдеме на тие години?
Мислиме дека ќе останеме со истите рефлекси како сега,истиот разум,истите навики и така натака?
Ние и до толку нема да дотуркаме а ќе сме дури и по не разумни и од сегашните наши баби и дедовци,односно пензионери.
Дали заборавивиме дека и тие некогаш биле и сеуште се врвни интелектуалци кои знаат за животот многу повеќе отколку ние.
Да не се разбереме погрешно,не напаѓам никого поединечно.Ниту пак ги ставам во ист кош сите полади а во друг сите постари.
Слободно мислете дека ми е до годините,но не потценувајте си ги корените,не омалуважувајте ги малку по беспомошните.
Нашиве генерации ќе бидеме дури и по исфрустрирани од многу причини,ќе земам само еден пример.Ние дали и ќе дочекаме пензии и тоа не по вина само на денешниве пензионери.
Дали ние помладите имаме доволна почит кон постарите?
Заслужуваат ли вакви именки врз себе?