Јас би рекол дека овој коментар се јавува во недостаток од идеи и свое мислење во темите на дискусија.
Сепак, лесно е да се „плукне“ негде од време на време (после 11 дена од последниот пост) каде што не треба многу мозок да се уклучи.
Нема недостаток на идеи. Има недостаток на луѓе. Моменталните членови учествувале секаде. Не можам секој ден во овие две и пол години да кажувам дека сум роден во февруари, или дека имам кафени очи, или дека сум дупла водолија во хороскоп. Сум учествувал секаде каде што сум мислел дека можам да допринесам.
А тоа што сум пишал после 11 дена, тоа е мое право. Ако сакам ќе имам 1000 мислења на ден, или исто толку на три години. Мое право. Ќе коментирам каде сакам, се додека не ги нарушам правилата.
Добро кажа Егзистенс, не можеш да имаш дискусија со 2-3 по цел ден.
Сега кога спомнуваме членови, и ти си член, па не сум те забележал некаде надвор од "За форумот" да се вклучиш активно во дискусија.
Па ниту поголем број од модераторите.
Рибата смрди од главата, ама се чисти од опашката.
BTW гледам добар дел од моите пријатели споделуваат врски кон црнобело. Но истите не се членови. А добар дел од стекнатите пријателства од форумов не се активни одамна. Или тоа беше објаснето со летните одмори во 2012.
Како што гледам оваа година нема да гласаме најдобри форумџии по категории. Туку само ќе се заблагодариме на тие што останале тука да допринесуваат.