Јас незнам како да започнам со објаснување на мојата вера религија а камоли да му објаснувам на детето дека постојат и други религии.Мора да се започне некако со полесно и поинтересно објаснување......сега кога беше празникот Голема Богородица бев бомбардирана со прашања:А зошто не си денес на работа,која е Богородица или кога ке го кршиме лепчето со паричката зошто оставаме едно парче за Бога итд. Одговор на одредено прашање повлекува низа други,затоа прашав за мислење,дали е паметно и од кога да се започне со верска едукација на децата.....ништо друго.
Се извинувам на дрскоста, сигурно сте 20 години повозрасна од мене, можеби не ми личи, ама морам да го кажам.
Ова е иронијата на нашиот 21ви век. Неукоста за религијата и светот навистина е оправдана за време на ренесансата и во време кога не постоеле училиштата кои се достапни за сите(барем основното(каде те учат да читаш и пишуваш)) и средното. Ама кое е вашето оправдување денес?
Мрза? Многу е голема Библијата да се прочита па ќе одиме во црква незнаејќи ништо за христијанството...
Уште ги има таквите што Христос го сметаат за презиме на Исус... а се крстени, постат за Велигден...
Што се однесува за воспитувањето на децата... сметам дека треба да им се зборува многу малку, а да им се покажува многу. Библијата е психички тешка книга, мене ми беше досадна за читање... Ама затоа ја има таа Црвената Библија со слики... што се продава секаде по црквите и манастирите, се купува ми се чини за некаде 300 денари и во неа имаш кратки четива од две странички максимум. Ама заедно ќе ги научи и стариот и новиот завет. Јас на неа научив да читам, кога ме крстиле кумовите ми ја подариле...па може некако да се смета дека таа ми е прва книга што ја прочитав.
Ништо посебно. Еден куп нереални приказни кои ако ги читаш со малку поотворен мозок, ќе сфатиш дека носат добра порака. Потопот со дедо Ное... ако дождот се сфати како дожд од осуди што ќе ти ги испратат луѓето ако си премногу злобен, дрзок, алчен... и ако потпот се сфати исфрлање од заедницата во која живееш...тогаш поуката е дека треба да бидеш како Ное, праведен, транспарентен, искрен, мирен...да почитуваш за да те почитуваат.
Она што татко ми секогаш ми го правеше кога бев мала беше туткање под нос на некое книгиче да го прочитам, а потоа цел ден разговарање за тоа.
И мислам дека направи добро дело, сега кога нешто не знам, првото што го правам е барање дали има книга за тоа, дали има некоја статија, студија...ако не ми е јасно и тогаш, почнувам да прашувам наоколу.
Да не бегам од темата.
Според мене детето прво треба да спознае сѐ, па потоа самото да се насочи. Моите згрешиле што ме насочиле кон христијанството затоа што воопшто не ми ја исполнува душата. Уште кога го прочитав тоа дека црквата јавно се извинила за спалувањето на сите жени, а во Библијата има правила и едното од нив е Не убивај... значи крај.
Мислам дека родителите треба да одбегнуваат да го прават тоа... да не го насочуваат детето што да биде и како да биде. Во ред е дека треба да му се даде правила за морал и бла бла бла... ама дали мене ме прави лош човек тоа што не верувам во Богот што моите блиски веруваат? И не само за религија, истото го мислам за сите работи каде што родителите претеруваат: детето знае да црта овие го запишуваат на градежен или електро...просперитетен факултет и детето со ненормален талент за цртање станува вечен студент оти врска си нема од математика. Детето сака да игра фудбал, овие го запишуваат на курс за Англиски, што ќе ти е фудбал трчај во слободно време, англискиот го дрма светот.
Пак забегав, ама тоа е