Не можам да замислам да дојдам дома и да не биде мама тука. И да чекам да се врати од работа, а да не дочекам. И утре да се разбудам и да не ја видам како си пие кафе и се спрема да иде по намирници. Се парализирам од помислата да седам дома сама, без мама. Знам дека еден ден и тој ден ќе дојде, ама се додека ја имам мама, не се жалам за глупости и ситници во животот. Ги жалам тие што ја чувствуваат таа празнина...