Мислам дека дошле некои времиња каде луѓето премногу се замараат, читаат, истражуваат, имаат многу слободно време и размислуваат, носат заклучоци и измислуваат проблеми, па сакаат да живеат по некои модерни стандарди каде децата од мали нозе мора да станат научници и генијалци, па ги напнуваат и нив и себеси со одговори на прашања што можеби некогаш би ги поставиле, а се нема категоричен одговор, па се губат и тие, па ги губат и децата низ просторот, па се прават без потреба напнати ситуации, место да се даде шанса на времето да си го направи своето.
Во мое време пример, кога јас бев мала не се замараа толку што ќе биде ако јас прашам за Бог, па и да прашав сигурно ќе ми речеа ај намачкај си ајвар и глеј си работа, а јас сигурно немаше да си ставам на памет толку многу на тие години кој е тој Бог и зошто нема одговор од моите, па да барам да истражувам религии и дупки во исказите и приказните.
Во црква сме оделе само за празници, сме ги почитувале поголемите празници и обичаи, секој си верувал колку си верувал, никој на никого ништо не наметнувал, со време секој си го пронашол својот пат и своите верувања и така среќно си живеевме : ))