Да му родам дете на милијардер што е со една нога во гроб!
Пу, пу...не.
Голем дел од оние
да посетам ова место, да видам ова-она, за среќа ми се исполнети, ама секогаш има уште.
- Да летам во hot-air balloon
(не знам на нашки), посебно над Дизниленд
- Да си ги најдам омилените ѕвезди на Патеката на Славните во Холивуд
- Да ја совладам електричната гитара до максимум, па мајка Јана
- Дочекување изгрејсонце некаде во Африка (по можност не во вилицата на некој лав)
- Создавање своја библиотека...а под библиотека мислам на соба со сите тракатанци и најудобна фотеља за тонење
- Со другарка да го исполниме пијаното пинки промис дека ќе одиме во геј бар на стриптиз и ќе потплаќаме со железни монети по чело
- Да посетам бар еден Comic Con
- Да соберам што е можно повеќе LP плочи од омилените артисти
- Тука спаѓаат и концерти и запознавање со
идолите
- Кампување насекаде низ светот и бар една недела престој во омилените метрополи
- Да најдам група која подеднакво сака бар еден месец да живееме како во мојот омилен период - 80тите
- Да уживам во денот ко дете - со многу вртења по забавни паркови и шеќерна волна, без да ме тангираат налудничави погледи
- Бидејќи уште истражувам што сакам, пожелно ми е да испробам најразлични работи - од шанкер, преку досадна, канцелариска работа, хуманитарни акции, па до пеење/глума/кај ме однесе патот
- Stargazing на висок и мирен рид, наведнат над огромен, бурен град...и омилената музика во позадина, па може и да преспијам таму
- Долг,
бесконечен road trip преку ноќ, каде со подотворен прозор ќе го вдишувам мирот со Whitewash на слушалки и триста нови фантазии/планови
Мислам дека последново ми е најпотребно моментално.
Иии, да...во ФБИ да ме примат, да си ја исполнам најискрената, детска желба.
И мал милион други што не ми текнуваат моментално или не сакам да ги кажам за да не звучат налудничаво.