Ноќтава сум сонувал ,повеќе сонови ,првиот сон како е се апокалиптично ,мали деца се зомбија и се што ќе допрат претвараат во зомби и имаат моќи да контролираат работи ,јас за тоа време сум со група деца кои (пола ги познавам ,пола не ) ,сите се кријат,а јас правам копје од скршен нож и колец и барам да ги заврзам со некој конец или нешто слично на стап од метла .И на крајот се качувам горе на еден шкав и седам таму подолго време .Вториот сон , станува збор за факултет ,се обидувам да помогнам на една жена која не ја познавам , а се консултирам со друга (која ја познавам во личниот живот ,таа работи таму ) да и помогне некако на женава да заврши факултет ,од првини ќе се одвива се добро се до моментото кога ќе се скарам со жената која ја познавам во вистинскиот живот ,но сепак на крај се смируваме и продолжуваме како што сме биле.Другиот сон станува тотално невреме и ја сум со мајка ми и она има клуч од кола (стоиме под една цреша , за која потоа во другиот сон ќе се давам од листови од црешата) ,поаѓаме накај колата и дождот не праи цели водени ,потоа поминува автобус но тој не ни застанува ,автобусот има број 66 и поминува во вир и ме испрска уште толку ( само мене ) трчаме до колата и таму го наоѓам најдобриот другар како чека пред колата ,ја на брзина отварам прво багаж (гепек) ја фрлам јакната и одам накај предната врата да седнам да возам (за тоа време мајка ми и другарот влегуваат внатре во истата кола ),а клучот беше предходно кај мајка ми а потоа наеднаш се појавува кај мене кога одам да одклучам .Потоа седнувам и возам , и одам накај автобуската кај што отиде автобусот предходно,и се обидувам да кочам ,и колата преспоро кочи но на крајот закочи да не го удрам автобусот .Од моментот на закочувањето ,се наоѓам во автобусот заедно со мајка ми и устата ми е полна со листови ,осеќам како се гушам и почнувам да ги вадам листовите од уста ,малку по малку и ги извадив на крај и почнав да дишам нормално ,а пред тоа го гледам другото другарче од средно ,како држи мало дете кое му е он вујко (дете од сестра ).Во другиот сон ,седам со двајцата другари од средно (од кој едниот е тој што го држеше детето) а другиот е од истиот крај и во средно првите 2 години учеше со нас .Седиме пред некои компјутери и разговараме за тоа колку компјутери работеле и колку би требало .Потоа јас се логирам на фб,па потоа другарчето (што го држеше детето во предходниот сон ).Во друг сон сонувам како сум отишол во некој студентски дом од кој 2 -ца од студентите што ќе ги сретнам ги познавам лично ,а останатите девојки прв пат ги гледам ,пред да си одам им кажувам дека кога ќе дојдам следниот пат ќе им донесам вино ,бидејќи јас не пијам па на нив да им го однесам ,па потоа следува гушкање од нивна страна
.
Во последниот сон како јас работам со мајка ми и татко ми кај некои блиски роднини во фирма и нешто се жалат моите како немале доволно голема плата и останатите роднини кои ги познавам зборуваат за тоа.Незнам кога го сонував ова дали помеѓу сите сонови или на почетокот се појавува еден старец (со шајкача на главата (стара капа која се користела во комунизмот на тито) ) и го викам итар пејо ,човекот не ме погледнува никогаш кога зборувам со него ,набрзо си ги облекува опинците и на последното прашање ме погледнува и ме гледа чудно и си се симнува по скалите и си заминува .@Söldner
@malo Знам дека е ова огромно (иако се обидов да ги скратам сите детали (јас соновите ги памтам до најмал детал )),но можеби ќе ми помогнете некако да ги разберам .Фала однапред .