Ако прашањата не беа реторички, тогаш не сум баш носталгичен по детството и не се ни плашам да го „изгубам“ детето во мене. Добрината и љубовта која неизмерно сум ја давал? Ааа не, нити давав неизмерна љубов нити бев нешто посебно добар. Злопамтило сум од кога знам за себе и ретко останував без одмазда, па дури и да требаше да значи дека ќе ја расипам фамилијарната вечера или викендот на моите со нивното друштво.
Сонов кој ти го раскажав е стар 2 години (памтам многу соништа), за 2 години не сум баш нешто сменет, не сменив ни опкружување баш... истите луѓе ги дружам, истите луѓе ме дружат, истиот карактер го имам, исто се облекувам, иста музика слушам итн итн.
Полесниот пат скоро и да не ми бил опција. Кај мене иде „испитај ги сите можни ситуации и припреми се убаво за најлошите“.
Се трудев да не рамисувам како предходниот пат (ти кажував дека не се вклопуваш во околината, дека имаш прикриен гнев итн)
Сега сакав да погледнам од другата страна...
Се плашам да го кажам тоа што го мислам, но таква агресија и ладнокрвност во соништата не е на арно. Штом и двете толкувања не се ни приблишно точни (а не велам дека секогаш и целосно погодувам, но анализирам од психолошки и духовен аспект, како лугето ги перцепираат симболите и сл. а не од соновници) тогаш можеби се работи за едно психичко нарушување. Дај ми малку време да подразмислам, па ке ти дадам образложение.