Едноставно е, нездравите грицки ги заменувам со здрави грицки. Кај мене дома строго е забрането консумирање на чипс, смоки, соленки и др нездрави грицки, наместо нив грицкаме ореви, лешници, бадеми, непечен сончоглед и суво овошје, а понекогаш и подготвуваме домашни грицки кои не се баш најздрави, ама барем немаат конзерванси, адитиви, вештачки бои и ароми.
Понекогаш и грицкањето зелечук или овошје ни ја задоволува таа потреба. Обично на децата им сецкам морковчиња во форма на стапчиња или јаболки на тенки кришки и ги обожаваат.