Како се воздржувате од грицкање нездрави грицки?

*Маја

Истакнат Член
28 октомври 2013
23
7
103
Имате некој трик со кој сте престанале да грицкате чипс, соленки, благи кекси?
Совет за „зависниците“ од оваа храна? :)
 

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Едно време се припотресував околу тоа, зашто си имам „историја“ на грицкање чипсови долга километри... Но искрено, веќе не му ја мислам... Гледам само количински да не е претерано, но целосно да ги отстранам, не.
Да беше така, ќе требаше и да се воздржувам од компјутери и лаптопи со безжичен интернет и секакви електронски уреди кои „тивко“ убиваат со зрачење, 95% од храната што се конзумира секојдневно, и што уште не...
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
789
1,103
Зошто да се воздржам кога пружа задоволство хахаха
Нека не ги прават толку вкусни , нивна вина е (wasntme)
 
Последна промена:

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,063
1,133
Едноставно е, нездравите грицки ги заменувам со здрави грицки. Кај мене дома строго е забрането консумирање на чипс, смоки, соленки и др нездрави грицки, наместо нив грицкаме ореви, лешници, бадеми, непечен сончоглед и суво овошје, а понекогаш и подготвуваме домашни грицки кои не се баш најздрави, ама барем немаат конзерванси, адитиви, вештачки бои и ароми.
Понекогаш и грицкањето зелечук или овошје ни ја задоволува таа потреба. Обично на децата им сецкам морковчиња во форма на стапчиња или јаболки на тенки кришки и ги обожаваат.
 
  • Like
Реакции: Big Berta

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,105
971
733
Се што е грицки и е солено не јадам, не ми прави некој ќеф, а немам ни навика да си купам
 

Just Smile

Нов член
20 јануари 2019
24
22
3
Не купувам, наједноставно. Јас иначе ако видам ми се јади, ако не го гледам, нема да ми се јади. А кога ќе ѓжме фати криза, лајца сол, лајца шеќер:rofl