Самицата само внесува повеќе бес .. зар не си бил казнуван кога си бил мал?? .. Дали си размислувал дека те казнуваат поради нешто и сега треба да се смириш или си мислел што уште понавредливо да направиш ??Ниту родителите ќе преземат нешто, уште помалку наставниците. Тие се таму за плата и ништо повеќе. `Казни` од типот бркање и муабети пред чичко директор и цајкан не вродуваат со плод. Во ред, може да се направи предупредувачки муабет еднаш или двапати. Ако креатурата сеуште се однесува исто, 48 часовен престој во самица би направил чуда...
А за разбирање, љубав и остали ствари и онака нема да ги добие на чколија ако веќе не ги добил дома. Шо треба да ги погалат по косата и да им купат чоколатце на насилните деца?! Ќе се свестат тогаш?
Не треба да се заборави дека одреден (мал) процент од тие насилници се родени како психопати и со нив нема разбирање, нема чаре, нема лек. Таквите ликови треба да се одвојат од нормалните деца, да се однесат во посебни установи.
Настрана малиот дел на психопати, причината за насилството е најчесто банална. Сосема е неприродно за деца да седат 5-6-7 саати во клупа и да слушаат срања кои не ги интересираат. Последиците од тоа ги трпат оние кои ќе бидат рандом избрани како жртви врз кои ќе се манифестираат фрустрациите од феноменот `магацин за деца`. Сепак, жртвите не се должни да трпат со години малтретирање. И кога веќе нема превенција, подобро е да има сериозни казни.
Али све је то утопија
Инаку @malo напиша исто како и јас дека треба да се галат пред да станат насилници не одпосле.
- Чоколатцето твое штети на детето - разговарано на други теми за здрава исхрана ..
- Кога веќе сме кај психопатски родени деца .. кај сите други животни постои природна селекција кадо што тие таквите психопати или со некои фалинки директно се ликвидираат од своите родители. Така да остануваат само најздравите кои ќе можат да се 'борат' со светот .. само кај нас се спасува секое можно'гомно' со вашава медицина ...
хаха и потоа кога сестра ти прераснала во поголем вагабонт онда и тебе те нејќеле поради неа.. викале овој и е брат нејзе .. тргни го од тимот ?Прво да се прекрстам за конечно убаво развиената дискусија, по долго време. Па, со среќа нека ни е во зачестувањето на истите.
Сите сме биле сведоци на истиве постапки. Тепачки ученик со ученик, ама и на ситуација професор убаво да подбере некое дете. Јас имав професор што удираше шлаканица за неубаво избришана табла на дежурниот ученик.
Непрофесионален кадар, незаинтересирани родители кои сѐ што прават е мислат на себе си, а не на децата(презафатени со бизниси па удри на детето со сѐ живо од технологија бидејќи...компјутерот и автомобилот и таблетот даваат совети и прегратки поубави од родителските), другите деца со родители алкохоличари што секој ден се тепаат по дома, трети...без родители, живеат со баби и дедовци, а и општеството, особено ќе обрнам внимание на сериите од типот „Долина на волците“.
Детето е бел лист хартија... што ќе му запишеш, тоа ќе биде. Ако не му запишеш ќе запишува што ќе му дојде при рака и вид, а не секогаш доаѓаат убави работи.
- ова се според мене причините за ваквите однесувања на децата.
Нели, училиштето е нашиот втор дом, учителот наш втор родител. Ако учителот види(бидејќи нели тој треба да биде и педагог во исто време) дека детето има некакви проблеми со концентрација, самоконтрола, повлеченост - треба да разговара со него. Ама што прави тој? Или ќе го игнорира, или ќе се јави кај родителот„Ај среди си го малиот малку“, или ќе му изнареди укори од прв до последен.
Кога ќе се сетам, јас и сестра ми(близнаци)... два различни поими изгледани од еден ист родител. Јас си бев такво, мирно, повлечено, во некој свој филм завлезено, сестра ми беше багабонт и за мене. Секогаш по мене се викаше „зошто ти не ја контролираш сестра ти?“. Ќе нѐ испрашуваат, јас научено таа не, мене ќе ми се развикаат зошто дур сум учел јас не сум ја викнал и сестра ми да учи. Ќе отиде мајка ми на родителски, наместо да се каже дека дада ми ја скршила таблата, ќе се вика за мене зошто јас не ја контролирам сестра ми, бидејќи јас нели постабилен. Мајка ми ќе дојде дома ќе ни збори на двајцата, знаејќи дека не можам јас да делувам ќе ѝ замали устата од објаснување на сестра ми дека не треба да се однесува така, дека не е тоа начин за исфрлање на нејзините внатрешни немири ама џабе...утрето дада ми пак ќе рипнеше на првиот што ќе ја навредеше за нашето потекло, па пак педагози, укори, опомени пред бркање...
До ден денес реагира насилно на некои навреди, а не е тоа дека е лоша личност, туку има болка...што ниту еден професор ниту стручен работник таму по тие да ми простите на зборот е*ени институции не застана да ја ислуша туку...тук тек и тие ќе убацеа „епа без челична рака на татко дома вакви деца излагаат.“
Секогаш било така, префрлање на топката, од еден на друг, а решавање на проблемот никако.
Пред некое време во кичевската гимназија се случи ужасна тепачка. Меѓуетничка. Македонци беа буквално скоро до смрт истепани од Албанци. Едното од децата една недела во болница, другото со скршена рака, третото со трајни последици на очите. Македонците излегоа на пријавен во полиција бојкот на настава и штрајк. Знаете ли што се случи? Се префрли топката на политичка тема„Ве подбуцнуваат СДСМ за пред избори да правите немири“... со закани за оставање на полагање на „бунтовниците“ го сопреа штрајкот, „тепачите“ не ги избркаа од училиште затоа биле со некој канал поврзани со наш „истакнат“ бизнисмен, се заташка работата... „бунтовниците“ продолжија по ходниците да удираат девојчиња по газ, а ако отиде кај педагогот некоја да се пожали се вика „па ти што си облекла толку тесни фармерки?“...
Незаинтересираност е главната причина за ваквите настани. Да се поагилни сите - и професори и родители, друга ќе биде работата.
-Само пример ..
Веќе преживеано и со сигурност гарантирам дека сите што имаат брат или сестра или множина се третирани на овој начин според тоа што прави полошиот.
Последна промена од модератор: