Ако прва е мислата,тогаш разумот му доаѓа како дете на мислата со кој се храни.
Разумот е прв кај оној што набљудува,па после е мислата ,сега обратно,мислата стана дете хранејќи се од разумот.
Едното го создава другото и едното со друго се храни.
Прашањето си го поставија двајца врвни психијатри сретнувајќи се на улица,инаку и двајцата пензионирани,каде едниот велеше дека е прва мислата ,а другиот разумот.
На крајот заклучија дека спротивните ставови без разлика за што, го дава прекрасното шаренило на човековото битие и неговото постоење.Кога сите би размислувале исто колку монотон би бил животот.
Следниот пат сигурен сум дека кога ќе се сретнат,повторно ќе се јадат еден со друг,борејќи се братски.
![Насмевка :) :)](/images/emoji/smile_animated.png)