Сакам да кажам/Сакам да прашам

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Прво треба да разграничиш што подразбираш под разум и под мисла. Да речеме имаш тројца пештерци, првиот е најснажен, вториот е најмлад и третиот е најстар ама не може да му се спротистави на првиот. Комуницираат меѓу себе со некаков прост „јазик“ (за поентата ќе го наречеме јазик).
Тројцата решаваат да одат по дивеч некаде надвор од пештерата. Гледаат некој дивеч кој што може да го уловат.
Кој ги предводи тројцата и зошто? Што би помислил секој од нив, а што би им рекол разумот на секој?

Еве мене прво што ми доаѓа на памет е вака нешто: Првиот ги води, вториот знае дека нема шанси против искуството на првиот, а третиот знае дека поради староста не може да им парира воопшто и може да чека само ситуација за да се истакне (оти нели кој ќе се истакне највеќе е алфа-мажјакот и ќе може да ги плоди пештерските убавици)
првиот си мисли: Уааа ааа ууу оо ааааа :D што преведено од старопештерски би значело „Да го уловиме ова говедото има гозба убава да направиме у пештерата“, разумот му вика „Треба да пазиш старото аро да не те намести и да си ја собере славата. Малиот сеуште се плаши“.
вториот си мисли: „Сакам да го наместам овој да цркне и да плодам жени“, разумот му вели „Пази што правиш оти ако примети ќе те убие.“
третиот си мисли: „Ако преживеам овде ќе се нагостам убаво и кога ќе бидам доволно јак ќе го искршам овој надуениот“, разумот „Пази се од стариот, може лесно да направи будала од тебе.“

Се сложувам со МалаПепељуга дека е мислата прва.

Да се вратиме уште понапред. Си бил протоПетко кој што бил некој премин кон хомо-сапиенс. ПротоПетко бил воден од инстинктите и така преживувал и знаел дека некаде има опасност. Да имал разум ќе можел да носи заклучоци и да стекнува мудрост од искуство, ама немал. Ама затоа имал мисла и кога ќе видел како ПротоТрпе му краде од пленот си помислувал „Ѓубре едно, давај ваму тоа што крадиш. Семката твоја, јас ќе ловам ти ќе јадиш!“
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Обрати се кај Аркантос.


Скоро никако...
Обично вистинското е она што ни го зборува разумот не срцето, арно ама ние сите се водиме според емоциите и срцето (демек тоа е вистинското, оди каде срцето те води..), за на крајот сфатиме дека тоа е минливо и откако ќе помине време сфаќаме што требало да направиме и за што да се одлучиме.
Баба ми велеше, сами бираме што ќе бидеме ...или царица или магарица...:D
Разумот ни кажува што е правилно, а срецето ни кажува што не прави среќни. Слушајки го разумот донесуваме правилни одлуки, слушајки го срцето си го исполнуваме животот со моменти на среќа.
Се е илузија, се ќе исчезне еден ден. Сите правилно завршени работи ке немаат никакво значење. Лежејки на смртна постела, во последните моменти од својот живот, луѓето се прашуваат зошто не поминале повеке време со лугето што ги сакаат, зошто заглавиле во професија која им носи само стрес... Зошто не живееле мирен и здрав живот во некое селце покрај река будејки се со црцорењето на птиците? Зошто од толку многу изгрејсонца тие биле сведоци само на едно или две? Зошто потрошиле толку многу зборови кога вистината е во тишината?
Зошто го потрошиле животот буткајки се во стерилен град, трчајки по материјалните богатства, углед, слава, високо место во загаденото општество?
Сето тоа ке исчезне еден ден...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Што е прво,мислата или разумот?:^)
МИслам дека нема прво второ,делуват заедно,еден без друг не функционираат.Разумот може да се надоградува,да се учи,(како компјутерот пто се надоградува)има ментано заостанат,болен разум,интелигенте,а мислата може да биде со разни аномалии,но колку разумот ке дозволи да таа мисла се оствари,тука е и карактерот и душата,,,,,,,,,,,Мене ми доаѓа некогаш помисла да му ја здрвам една на некој,ама разумот и стравот да не ми врати исто,не ми даваат да го сторам тоа.Значи цела нервно психичка состојба игра улога на разумот и мислите.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
МИслам дека нема прво второ,делуват заедно,еден без друг не функционираат.Разумот може да се надоградува,да се учи,(како компјутерот пто се надоградува)има ментано заостанат,болен разум,интелигенте,а мислата може да биде со разни аномалии,но колку разумот ке дозволи да таа мисла се оствари,тука е и карактерот и душата,,,,,,,,,,,Мене ми доаѓа некогаш помисла да му ја здрвам една на некој,ама разумот и стравот да не ми врати исто,не ми даваат да го сторам тоа.Значи цела нервно психичка состојба игра улога на разумот и мислите.
Тоа не значи дека мислата не постоела. Според ова имаш мисла, па после разумот филтрира која мисла треба да остане само мисла, а која треба да постане делување.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Тоа не значи дека мислата не постоела. Според ова имаш мисла, па после разумот филтрира која мисла треба да остане само мисла, а која треба да постане делување.
Или... нашите мозоци не се сопственици на мислите за кои нислиме дека се наши. Мислата е информација која опстојува на соодветна фрекфенција и ако нашиот разум работи на таа фрекфенција ја прима... Доколку може да се идентификува со мислата, ја преработува и потоа ја материјализира.
Тоа ти е нешто слично како радио и радиостаница. Џабе ти е радиото, нема да можеш да го употребуваш ако некој не постојат рсдиостаници кои ке пуштаат музика во етер.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Или... нашите мозоци не се сопственици на мислите за кои нислиме дека се наши. Мислата е информација која опстојува на соодветна фрекфенција и ако нашиот разум работи на таа фрекфенција ја прима... Доколку може да се идентификува со мислата, ја преработува и потоа ја материјализира.
Тоа ти е нешто слично како радио и радиостаница. Џабе ти е радиото, нема да можеш да го употребуваш ако некој не постојат рсдиостаници кои ке пуштаат музика во етер.
Не. Мислата е резултат на делувањето на одредени хормони плус логичкиот дел на мозокот кој што толкува информации и створа нешто што јас го викам ПредМисла и потоа ја развива во мисла. Нема никакви фрекфенции. Мислата опстојува во зависност од тоа колку важност ѝ придава мозокот.
Ако немаш радиостаници кои ќе пуштаат музика не значи дека радиото не работи. Пушти го радиото и ќе добиеш нешто што го нарекуваш шум, тој шум е уствари радио-бран.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Не. Мислата е резултат на делувањето на одредени хормони плус логичкиот дел на мозокот кој што толкува информации и створа нешто што јас го викам ПредМисла и потоа ја развива во мисла. Нема никакви фрекфенции. Мислата опстојува во зависност од тоа колку важност ѝ придава мозокот.
Ако немаш радиостаници кои ќе пуштаат музика не значи дека радиото не работи. Пушти го радиото и ќе добиеш нешто што го нарекуваш шум, тој шум е уствари радио-бран.
Како нема фреекфенции? Па целиот материјален и нематеријален свет функционира на принципот на вибрација. Вибрациите вибрираат на одредени фрекфенции... Помеѓу радиостаниците има празен простор, додека во ``светот на мислите`` нема празни фрекфенции, има ниски и високи.
Радиото ке работи, ама ке има шум наместо музика ,
Разумот ке работи, ама ке има мисли поврзани со примитивните нагони, деструктивни мисли... наместо мисли кои се возвишени и креативни.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Како нема фреекфенции? Па целиот материјален и нематеријален свет функционира на принципот на вибрација. Вибрациите вибрираат на одредени фрекфенции... Помеѓу радиостаниците има празен простор, додека во ``светот на мислите`` нема празни фрекфенции, има ниски и високи.
Радиото ке работи, ама ке има шум наместо музика ,
Разумот ке работи, ама ке има мисли поврзани со примитивните нагони, деструктивни мисли... наместо мисли кои се возвишени и креативни.
Нематеријални светови не дискутирам. Материјалниот свет има фрекфенција и не знам како тоа „функционира на принципот вибрација“ функционира. Ако си желна објасни ми го тој принцип (не зафркавам, стварно не знам каков е тој принцип).

Помеѓу радио-станиците има материја, ама нели немаме радиостаници? Какви се тие „Празни фрекфенции“? Просторот во кој радиото функционира е исполнет со материја. Материјата не одбира какви фрекфенции ќе пренесува туку само пренесува. Во зависност од енергијата на бранот кој се пренесува и во зависност од материјата која стои измеѓу приемникот и предавателот зависи што ќе стигне и со колкава амплитуда.