Пред некое време разбрав дека по форумиве (не зборам за нашиов, не знам за него, може и има) се врткале лица од надлежниве органи и душкале ликови со сомнителни постови.
Пошто некој е доволно глуп во „СДК“ да се пожали дека нема веќе место кај да скрие тела, или во „Испукајте се“ да си го пцуе дилерот што му наплатил повеќе. Океј де...секакви има.
Јас само не знам кај ги бираат овие без толку смисла да разграничат хумор од сериозност. Бар од „тренирани професионалци“ очекувам да знаат да проценат...ама ваљда ги зачленуваат преку некој сајт кај што им ги земаат податоците и после нема назад - ги праќаат на мисија.
Ко така, мене (па и на неколку) не ми/ни гине Демир Хисар, забрана за интернет, проверка на домот за тела и остали сатанистички ствари (пример црна свеќа и маици од бендови), 487 часа комунална работа и смртна казна.
Свашта ќе чуеш.
р.ѕ. Ако ме снема, јавете се на мама, богатството е во термото кај мене во соба.